Продолжува „Рекет“: Исказ ќе даваат сведоци на Боки 13

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

По минатонеделните две одложувања поради отсуство на сведоците Владимир Тодоровиќ и Дејан Панделески, денеска во Кривичниот суд треба да продолжи судењето за случајот „Рекет“ во кој обвинети се Бојан Јовановски – Боки 13 и Катица Јанева.

На денешното рочиште исказ треба да дадат сведоци предложени од одбраната на Боки 13.

Како што најави судечкиот совет, рочишта за предметот „Рекет“ се закажани до 10 април. Според редоследот на рочиштата, судењето ќе продолжи и во тек на изборна камапања за предвремените парламентарни избори закажани за 12 април.Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во октомври лани поднесе обвинение против Бојан Јовановски, Катица Јанева и Зоран Милевски.Првообвинетиот Јовановски се сомничи дека сторил кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“ и за „примање награда за противзаконито влијание“. Второобвинетата Јанева се товари дека сторила кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.