Продолжува хуманитарната акција, ТВ21 и Биг Мама во Дом за стари лица

ТВ21 и Биг Мама продолжија со хуманитарна активност и во домот за стари лица „Милица“. На сите им беа поделени подароци. Освен подароците,  неколкумина од нив  добија и фризерски услуги.

Милева Трифунова вели дека во Новата Година сака здравје за себе и семејството.

Благица Митровиќ вели дека е многу среќна за добиените подароци и за создадената атмосфера.

Директорката на овој дом за старци, Шермин Махмути се заблагодари на ТВ21 за организирањето на овој настан и за доделените подароци.

„Многу сум изненадена од оваа активност на Биг Мама и ТВ21 и стилистот Арменд Рамадани. Сите овие активности беа позитивно прифатени од страна на старите лица. Беа радосни и верува дека оваа позитивна енергија, и многуте подароци кои ги донесе Биг Мама, ќе ги држи два-три месеци“, рече Махмути.

Во Домот за стари лица „Милица“, во Скопје, моментално живеат 42 стари лица. Им беа подарени ќебиња, хигиенски средства и други производи. По домот за стари лица, ТВ21 ќе ги посети и бездомниците во Момин Поток. ТВ21 им се заблагодарува на сите донатори кои ја овозможија хуманитарната акција.

Репортер: Африм Јонузи

©TV21.TV Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира!