Продолжен периодот на престој на странци на кои за време на вонредната состојба, им истекол краткорочен престој или визата

НАШ ПРЕДЛОГ

Бузаку со скандалозни документи: ИВЗ исплатила 20.000 евра на синот на сега разрешениот поглавар Реџепи

Во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21, вчера гостуваше Скендер Буџаку кој за себе рече дека е...

ФОТО: По укинувањето на полицискиот час, градскиот парк во Скопје е преполн

Од денеска нема повеќе полициски час во нашата земја. И во првиот дел од укинувањето, веднаш раздвиженост...

Владината одлука за враќање на работа од 1.јуни не важи за хронично болните и родителите со деца до 10 години

Владината одлука од вчерашната 57-ма седница за враќање на работа од Први јуни не важи за хронично...

Министерството за внатрешни работи информираше дека е донесена Уредба со законска сила со која на странците на кој им истекла визата за престој за време на вонредната состојба, автоматски им се продолжува до 31. август.

„Ве известуваме дека е донесена нова Уредба со законска сила за примена на Законот за странци за време на вонредна состојба, како и за периодот по престанокот на вонредната состојба.

Наведениот пропис претставува дополнување на Уредбата со законска сила донесена на 20.03.2020 година и со истата се продолжува период на престој на странци на кои за време на вонредната состојба, им истекол краткорочен престој или виза за краткорочен престој. Периодот на престој се продолжува, како за времетраење на вонредната состојба, така и по завршување на вонредната состојба, до 31 август 2020 година.

Исто така, се продолжува рокот на важноста на дозволите за привремен престој и на дозволите за постојан престој, чиј рок на важност истекол или истакува за време на вонредна состојба. И во овој случај, важноста на дозволите за престој се продолжува и по завршување на вонредната состојба, до 31 август 2020 година. Уредбата ви е достапна во прилог на соопштението.

Имајќи предвид дека во наредните месеци очекуваме постепено нормализирање на состојбите, отварање на граничните премини и враќање во функција на сите видови патнички сообраќај, им укажуваме на странците да го следат развојот на ситуацијата и доколку се создадат условите за патување во овој период, да пристапат кон постапки за регулирање престој, согласно одредбите од Законот за странци. Службата за странци на централно ниво на МВР, како и подрачните единици за странци, ви стојат на располагање за сите прашања во врска со регулирање на вашиот статус во државата.

Контакт податоци:
1. Единица за странци и реадмисија (Оддел за гранични работи и миграции): e-mail: [email protected], телефон: +389 2 314 4478
2. Отсек за странци и реадмисија за град Скопје (РЦ за ГР Север):
e-mail:[email protected], телефон: +389 72 911 728

- Advertisement -
- Advertisement -

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

ФОТО: По укинувањето на полицискиот час, градскиот парк во Скопје е преполн

Од денеска нема повеќе полициски час во нашата земја. И во првиот дел од укинувањето, веднаш раздвиженост меѓу граѓаните.

Владината одлука за враќање на работа од 1.јуни не важи за хронично болните и родителите со деца до 10 години

Владината одлука од вчерашната 57-ма седница за враќање на работа од Први јуни не важи за хронично болните и за родителите кои...

Вонредната состојба ќе се продолжи? Спасовски не ја промени уредбата, ВМРО-ДПМНЕ се заканува со бојкот на изборите

Со завршувањето на вонредната состојба, продолжуваат сите изборни активности, изјави техничкиот премиер, Оливер Спасовски. Тој ја отфрли можноста за одложување на изборите...

Разрешен поглаварот на ИВЗ Сулејман Реџепи – Бузаку: Сценарио диригирано од Реџепи

Поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи е разрешен од неговата функција. Оваа одлука е донесена со 2/3 од гласовите на вонредната седница на...
- Advertisement -

НА ИСТА ТЕМА

- Advertisement -