Пресудата за „Рекет“, Јанева не ја слушна – седум години за Катица, девет за Боки 13: „Парите кај Заеви барајте ги“

НАШ ПРЕДЛОГ

Нова видео снимка од катастрофата во Бејрут – граѓаните гледале час, а потоа следувала јака експлозија

Нова снимка која го покажува страшниот момент на експлозијата во Бејрут се појави на интернет.

Пронајдени 94 мигранти во товарно возило на патот Радовиш-Штип – возачот и сопатникот во бегство

На 08.08.2020 околу 21,30 часот на регионалниот пат Радовиш-Штип, крстосница за Неготино при сообраќајна контрола од полициски...

Во поплавите и невремето на грчкиот остров Евија загинаа две лица

Во силното невреме со обилен дожд што го зафати грчкиот остров Евија и предизвика поплави, во два...

Под посебни протоколи за заштита од коронавирусот, судијката Васка Николоска Масевска донесе пресуда за случајот „Рекет“. Вкупно девет години за Бојан Јовановски за две кривични дела, и седум за екс-специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

- Реклама -

„За наведените две кривични дела , обвинетиот Бојан Јовановски го осудува на единствена казна затвор во времетраење од 9 години. Судот, обвинетета Катица Јанева за кривичното дело заоупотреба на службената положба и овластување по член 353, став 3, во врска со став 1 од КЗ за кое е предвидена казна затвор во времетраење од најмалку три години, согласно наведениот член како и членовите 4, 7, 29, 31, 32, 33, 39 од КЗ ја осудува на казна затвор во траење од седум години.“, рече судијката Васка Николовска – Масевска.

- Реклама -

„Јас овој ден ќе го прогласам како ден на политичката кампања во Македонија. Донесовте политичка пресуда, парите рекетирани во оваа Македонија барајте ги кај Зоран Заев и Вице Заеви, не кај Бојан Јовановски“, рече Јовановски.

- Реклама -

Јанева не дојде да ја слушне пресудата. Го известила судот дека не може да дојде поради здравствени и семејни причини.

Одбраната не е задоволна од пресудата.

„Денешната пресуда беше очекувана. Ние од почетокот на овој судски процес знаевме дека ќе биде ваква брутална казна. Оваа пресуда најмалку се заснова на докази, всушност, нема докази.“, изјави Дуковски.

„Ние сме разочарани како одбрана на Катица Јанева од пресудата и казните што ги слушнавме. Прво сметаме дека апсолутно превисока е казната за Јанева.“, изјави Фрчкоска.

Јовановски преку приватни снимки од бизнисменот Орце Камчев, првоосомничен во големата истрага „Империја”, беше пријавен дека му зел во три наврати вкупно 1,5 милиони евра, за да му помогне преку Јанева да се спаси од затвор. Парите не беа најдени.

Јанева е осудена дека примила скап тросед и 50.000 евра за да му ја олесни положбата на Камчев во истрагата. Ни тие пари не се најдоа. Камчев од притвор беше пуштен од Врховниот суд, а Јанева се противеше.

Истрагата „Империја” не е затворена.

„На истрагата интензивно се работеше од страна на двете колешки. Сега не закочи коронавирусот, се уште не работиме со странки, само со службени лица кои можат да бидат во просториите на Обвинителството. Така што не знам уште колку ќе им треба до завршување на истрагата. Пред да фати короната и сите овие мерки, двете колешки интензивно работеа на истрагата.“, изјави Рускоска.

Рускоска бараше враќање на Катица Јанева во притвор, поради започната предистрага исто така за злоупотреба на службената положба, но судот го одби барањето.

Обвинетите имаат право на жалба во повисокиот суд, Апелација. На стартот од предметот, обвинет беше и Зоран Милевски – Кичеец, кој призна вина и доби три години казна затвор.

Во судница беше присутна и Ана Камчева, сопруга на Орце кој пак е поднесител на пријавата за рекетирање, а и двајцата беа сведоци во овој предмет.

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Пронајдени 94 мигранти во товарно возило на патот Радовиш-Штип – возачот и сопатникот во бегство

На 08.08.2020 околу 21,30 часот на регионалниот пат Радовиш-Штип, крстосница за Неготино при сообраќајна контрола од полициски службеници од СВР Штип било...

Во поплавите и невремето на грчкиот остров Евија загинаа две лица

Во силното невреме со обилен дожд што го зафати грчкиот остров Евија и предизвика поплави, во два одвоени случаи загинаа две лица...

Светските лидери денеска одлучуваат за помош за Либан

На иницијатива на францускиот претседател Емануел Макрон и ОН, светските лидери ќе одлучат денеска, на петтиот ден по катастрофалната експлозија во Бејрут,...

Казнети 423 лица за неносење заштитна маска

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани...