Препукувања во МВР: Чулев обвини за набавка на 3.000 чизми со сомнителен квалитет, Петровска го повика на ТВ дуел

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Денеска министерот за внатрешни работи Наќе Чулев на прес-конференција обвини за набавка на 3.000 чизми за полицијата кои не ги исполнуваат критеруимите.

На ова реагираше заменик министерот Славјанка Петровска која го повика Чулев на ТВ дуел за разјаснување на работите.

Претпладнево на прес-конференцијата, Чулев исто така го потенцираше и проблемот со недостатокот на обрасци за пасоши, поради кој ќе биде стопирано закажувањето за патни исправи.