Предложено е полициски час во Скопје, Тетово, Куманово и Штип од четврток вечер до понеделник наутро, поумерен полициски час и во другите градови

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Комисијата за заразни болести со предлог до Владата за цело Скопје, Штип, Куманово и Тетово од утре (четврток) од 21 часот до понеделник наутро да биде воведено ограничување на движењето, однсно т.н. полициски час.

И во останатите дел од земјава ќе има полициски час, но тој ќе трае од 16 часот до пет часот наутро секој ден, освен четврток кон петок од 21 до 05 часот.

Сега останува Владата да го усвои овој предлог. Оваа препорака е како резултат на драстично зголемените случаи на коронавирус во Македонија во изминатите неколку дена. Па се очекува и Владата да даде „зелено светло“ за ова ограничување.