Предизборно „пукаат бомби“ на интернет – дали Мицкоски се борел да заврши случајот „Империја“ за Орце Камчев?!

НАШ ПРЕДЛОГ

Продолжува блокадата на депонијата – „Русино“ затворена додека не се најде на нова локација

Движењето „Стоп Русино“  уште 10 дополнителни дена останува на влезот на депонијата Русино, и нема да дозволи...

Пендаровски може да го прекрши Уставот? – Талат Џафери најавува можна уставно-институционална криза

Доколку Претседателот Стево Пендаровски го додели мандатот за формирање на Влада, без притоа да биде избран новиот...

Каде се „кршат копјата“ меѓу ДУИ и СДСМ? – Ахмети инсистирал првата година од новата Влада премиер да биде Албанец

Не само позицијата за премиер Албанец, копјата меѓу СДСМ и ДУИ во преговорите се кршат и за...

Нови бомби. На каналот „Рекет 2“ на Јутјуб се објавени снимени разговори во кои се слушаат гласовите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, Зоран Милески-Кичеец, и екс-директорката на Агенцијата за вработување, Слободанка Алексовска. Се претпоставува дека „бомбите“ се снимени за време на средбите кои се одржуваа за постигнување консензус за судбината на „бомбите“ и СЈО. На новите снимки се слуша како Мицкоски вели дека на средбите барал да се затвори предметот „Империја“, во кој главниот осомничен беше Орце Камчев, кој го пријави случајот „Рекет“. Мицкоски зборува и за помошта која Камчев му ја дал за да ги подмири долговите на претходното раководство на партијата.

- Реклама -

По ова, Мицкоски продолжува да раскажува дека поради тоа, во текот на преговорите за Законот за јавно обвинителство се залагал да заврши предметот. Тој не спомнува за кој предмет станува збор, но водејќи се по претходните „бомби“ се претпоставува дека мислел на предметот „Империја“ кој се водеше против Орце Камчев.

- Реклама -

Мицкоски вели дека се монтирани и дека се објавени од страна на СДСМ.

- Реклама -

Првиот човек на СДСМ, пак, Зоран Заев, негира дека некој од неговата партија стои зад објавување на „бомбите“.

Преговорите за Законот за ЈО се одвиваа повеќе од една година. Како што велеа лидерите, најголемата разлика меѓу нив биле тоа кои „бомби“ треба да се искористат како доказен материјал, откако СЈО ќе премине во ЈО.  Пред само неколку дена беа објавени и т.н бомби за екс директорот на Фондот за здравство. Опозицијата него и Заев ги поврза со Дијамед и продажбата на центрите за дијализа. Вчера екс директорот на Фондот беше на распит во полициска станица.

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Пендаровски може да го прекрши Уставот? – Талат Џафери најавува можна уставно-институционална криза

Доколку Претседателот Стево Пендаровски го додели мандатот за формирање на Влада, без притоа да биде избран новиот собраниски спикер, тогаш неговиот чекор...

Каде се „кршат копјата“ меѓу ДУИ и СДСМ? – Ахмети инсистирал првата година од новата Влада премиер да биде Албанец

Не само позицијата за премиер Албанец, копјата меѓу СДСМ и ДУИ во преговорите се кршат и за бројот на функционерските места кои...

Интервентни единици и војска се распоредуваат во центарот на Минск

Белоруски интервентни единици и воени сили пристигнуваат во центарот на Минск, а припадници на интервентната полиција се упатија по Авенијата Независност кон...

Скопскиот аеродром „мост на корона“ за Европа – 24 патници од летот Скопје-Турку позитивни на ковид-19

24 патници од летот Скопје-Турку, Финска, биле позитивни на коронавирус. Тие во саботата полетале од Скопје кон јужниот град во Финска, и...