Пратениците заработуваат 1.335 евра месечно – „Платата е само за пат и по некое кафе за гласачите“

Пратениците во Собранието добиваат месечната плата од 1.335 евра. Но, колку всушност ја заслужуваат? Честопати, објективот на камерите ги „фаќа“ пратениците како играат игри на нивните телефони. Некои влегуваат во комисиските сали и веднаш излегуваат, а се случува и да „дремнат“ на пленарните седници. Па затоа, ги прашавме граѓаните што мислат за работата на пратениците.

Од Институтот за демократија, кој ја набљудува работата на Собранието, велат дека пратениците на собраниските седници дебатираат со малку аргументи, бидејќи истите ги сведуваат на емоции. Влора Речица од овој институт, вели дека проблемот не е отсуството на пратениците во Собрание, туку ниското ниво на дебатата што ја водат на седниците и комисиите.

„Ретко се случува пратениците да употребат два или повеќе аргументи во нивните говори, што всушност е еден од главните проблемите, бидејќи пратениците немаат конструкции. Во текот на нивните говори, не завршуваат една реченица, и немаат целосни аргументи“, изјави Влора Речица од Институтот за демократија.

Пратениците се жалат дека главните дебати се водат во комисии. Додаваат дека на пленарните седници , настаните доаѓаат спакувани и комплетирани каде само се гласаат закони.

„Ова е олеснување, со цел на пленарните седници да бидеме послободни. Ние сме парламентарно мнозинство и кога доаѓаат одредени прашања, тие се подготвени за да поминат што е можно побрзо“, вели Реџаиљ Исмаили – пратеник.

„Работата во Собранието е доста динамичка. Невозможно е еден пратеник да присуствува на сите активности што се одржуваат тука. Ако го земеме предвид искуството на парламентите на другите земји кои имаат асистенти, тогаш ние имаме недостаток“, вели пратеникот – Сурија Рашиди.

„За жал нивото на дискусија во Собранието е прилично ниско и тоа зависи од нас самите колку ќе дозволиме. Емоции нормално има. Особено за некои законски решенија на кои што пожестоко влегуваме во борба, за кои што повеќе сте запознаени“, изјави Ивана Туфекиќ – пратеник.

Некои пратеници пак, воопшто не доаѓаат на работа. Според Членот 30 од Деловникот, пратеникот кој трипати ќе отсуствува од седница, без претходно да го извести собранискиот спикер, му се укинува 5% од платата. Досега само пратеникот Никола Груевски беше казнет за ова. Прашавме неколку пратеници да дадат свое гледиште – дали ја заслужуваат платата што ја земаат?

Новинар: Дали ја заслужувате платата што ја земате на крајот на месецот?

СУРИЈА РАШИДИ – ПРАТЕНИК: Тоа треба да процени јавноста. Не можам да дадам своја проценка, бидејќи можам да бидам субјективен.

„Со надоместоците што ни ги даваат целосно можеме да ги покриеме трошоците за доаѓање и враќање од Парламентот. Мора да се има предвид дека ние сме пратеници и дека имаме малку поголеми трошоци. Речиси секој ден имаме средби со луѓе и нормално дека обврска и одговорност на пратеникот е…. бидејќи можеби тие првпат во живот се сретнуваат со пратеник и нормално е да ги почестите со едно кафе, бидејќи тие се наши гласачи“, изјави Реџаиљ Исмаили – претеник.

„Јас би рекла да Собранието работи со голем интензитет“, додава Ивана Тифекиќ.

Според извештајот „Мој пратеник“, во второто шестмесечје од 2018 година, Никола Груевски присуствувал само четири пати на собраниски седници, најмалку од сите останати пратеници. Меѓу понередовните е и претседателот на ДПА, Мендух Тачи, кој во Собранието бил виден само 9 пати, а ниту еднаш не излегол на говорница. Многу отсуства имаат и пратениците Крсто Муковски и Борис Змејковски. Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села бил присутен 35 пати, а два пати побарал збор на пленарна седница. Од друга страна пак, претседателот на ДУИ, Али Ахмети, 19 пати се појавил во законодавниот дом, но не бележи ниту еднаш не излегол на говорница.

РЕПОРТЕРКА: АРБАНА Ќ.КЛИМЕНТА