Пожарот под контрола: Главната конструкција на Нотр Дам е спасена – еден пожарникар повреден

Голем пожар ја зафати покривот на најпосетениот историски споменик во Париз. Повеќе од 400 пожарникари во моментот го гаснат оганот.

Пожарникарските служби изјавуваат дека пожарот нема да ја уништи целата катедрала Норт Дам и структурата ќе биде спасена.

Еден пожарникар е повреден во акцијата, но со оглед на комплицираноста на ситуацијата успех е тоа што веќе се совладани највисоките пламени јазици.

Ја нема сликата на силниот оган, верниците околу катедралата се молат во последната недела пред Велигден.

Францускиот претседател Макрон даде ветување дека катедралата ќе биде обновена и дека “најлошото помина”.

Француското обвинителство отвори истрага за причините за пожарот во Нотр Дам во Париз.

Според првичните информации пожарот, кој започна во поткровјето, не бил подметнат.

Специјални тимови се ангажирани за спасување на уметничките дела, а портпаролот на катедралата Андре Фино соопшти дека сите реликвии се на безбедно место и не се загрозени.