Пожар зафати две државни институции, изгореа просториите на МИА и инспекторатот за животна средина, нема повредени

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

„Во 7 часот утринава пожар ги зафати просториите на информативната агенција МИА и Државниот инспекторат за животна средина и просторно планирање. Можете да видите од нашите снимки дека просториите се целосно уништени. Тоа што е позитивно е дека просториите на Секретаријатот за европски прашања кои се близу, не биле зафатени од пожарот“, јавува репортерот на ТВ21.

Бидејќи пожарот се случил пред институциите да почнат со работа, нема повредени. Сите капацитети на противпожарната единица Скопје беа на располагање, но потребни беа 50 минути за локализирање на пожарот. Причина за ова било тоа што вратите биле затворени и тоа ги спречило пожарникарите да влезат внатре. Не работеле ниту хидрауличните црева на противпожарните апарати, извести командирот на противпожарната единица Скопје, Владимир Симоновски.

Кршењето на прозорците предизвика други пречки. Пукнаа цевките.
Причините за пожарот не се познати, но Симоновски се пожали на ЕВН од каде како што вели, со доцнење ја исклучиле електричната енергија.

Сепак, од ЕВН го демантираа командирот Симоновски. Велат дека струјата ја исклучиле во период од 20 минути.

“После пријавата на пожарот во ‪07:27‬ часот, екипите на Електродистрибуција веднаш пристапија на терен. За само 8 минути екипите пристигнаа на лице место, а во ‪07:49‬ часот веќе беше исклучен 10кВ далекувод и цела трафостаница беше ставена во безнапонска состојба, а со тоа се подразбира и локацијата опфатена од пожарот”, велат од ЕВН. ‬‬‬‬‬‬‬‬‬‬

За гаснење на пожарот интервенирале 9 противпожарни возила и 24 пожарникари. Предизвикана е материјална штета, но тука биле и медицинските екипи. Му пружиле помош на пожарникарот кој добил гушење за време на гаснење на пожарот.