Повторно затворање на границите?! – Комисијата за заразни болести утре одлучува за границите со Косово и Србија

НАШ ПРЕДЛОГ

Заев утре го добива мандатот за Влада – Претседателот одлучува и наспроти правните дилеми

Претседателот Стево Пендаровски извести дека утре ќе му го додели мандатот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев...

Опрема во вредност од 115 илјади евра – кревети, амбулантни возила и медицинска опрема за кичевската болница

Над 80 легла, амбулантни возила, респиратори и друга медицинска опрема за кичевската болница донираше Хуманитарната организација „Класје...

Заев и Гаши попладнево одржуваат средба

Лидерите на СДСМ Зоран Заев и на Алтернатива Африм Гаши попладнево одржуваат средба во хотелот Белви на...

Константниот раст на бројот на нови случаи од корона вирусот, претставува закана за повторно затворање на граничните премини. По помалку од една недела откако граничните премини беа отворени, Комисијата за заразни болести утре ќе се произнесе дали повторно ќе се воведе режим на границите на Србија и Косово или ќе ги затвори граничните премини со овие земји.

- Реклама -

„Комисијата за заразни болести активно ја следи епидемиолошката состојба со корона вирусот во регионот и соседните земји и можното враќање на мерките е во насока на превенција од потенцијални ризици по здравјето на населението во Северна Македонија“, велат од Министерството за здравство.

- Реклама -

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров вели дека одлуката за евентулано затворање на границите, нема да биде политичка.

- Реклама -

„Во овој период во смисла на прашањето на границите, нема политика. Клучниот критериум е епидемиолошката слика. Ние во овој период ќе бидеме во блиски консултации со сите земји од интерес. Колку повеќе се придржуваме до мерките, носиме маски, одржуваме дистанца, толку подобра ќе ни биде епидемиолошката слика и ќе ни бидат отворени сите граници“, истакна Никола Димитров.

Во меѓувреме, поради влошување на епидемиолошката состојба во Белград, српскиот претседател Александар Вучиќ размислува за повторно воведување полициски час во вечерните часови, или, што е далеку поверојатно, целосно затворање на Белград.

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Опрема во вредност од 115 илјади евра – кревети, амбулантни возила и медицинска опрема за кичевската болница

Над 80 легла, амбулантни возила, респиратори и друга медицинска опрема за кичевската болница донираше Хуманитарната организација „Класје на добрината“.

Заев и Гаши попладнево одржуваат средба

Лидерите на СДСМ Зоран Заев и на Алтернатива Африм Гаши попладнево одржуваат средба во хотелот Белви на излезот од Скопје.

Кривична за надрилекар од Неготино

ОВР Неготино поднесе кривична пријава против З.Ѓ.(46) од Неготино, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „надрилекарство“.

Протест во косовско Карачево поради влезот на српска патрола на територијата на Косово

Жители од косовското село Карачево и неколку други населени места на границата со Србија, одржаа денеска протест, откако минатиот петок, на 7...