Повеќе од 100.000 демонстранти на улица против Лукашенко

НАШ ПРЕДЛОГ

Грција воведува ПОЛИЦИСКИ ЧАС во региони кои се жаришта на коронавирус!

Грчкиот премиер Мицотакис денеска објави дека полицискиот час ќе биде воведен од 00,30 до 5,00 часот наутро...

Трамп и Бајден се среќаваат на последната дебата

Претседателот Доналд Трамп влегува во последната претседателска дебата вечерва и има потреба од големо раздвижување што ќе...

Милан со убедлива победа против Селтик на стартот во Лигата на Европа

Милан го започна своето учество во Лигата на Европа со престижна победа, откако како гостин го совлада...

Повеќе од 100.000 луѓе денеска излегоа на улиците на Белорусија обновувајќи ги протестите против оспорениот претседател Александар Лукашенко, и покрај новата насилна реакција на армијата и полицијата, јави ДПА.

Демонстрациите беа организирани со цел симболично да се назначи лидерот на опозицијата во егзил Светлана Тихановскаја за претседател на таканаречената „инаугурација на народот“.

„Света е наш претседател“, се скандираше од луѓето кои маршираа во главниот град Минск, додека други извикуваа „Да живее Белорусија“ и ” Ова е нашиот град“.

Демонстрациите се одржани и како одговор на тајната инаугурација на Лукашенко во средата, што повторно ги поттикна дневните протести, што се следени од се побруталниот одговор на државните служби.

Униформирани мажи беа видени како напаѓаат демонстранти на денешните протести во Гродно и Гомел, што се 50-ти по ред од почетокот на немирите, додава германската агенција.

Во раните вечерни часови на територијата на цела Белорусија беа извршени околу 200 апсења, соопшти Министерството за внатрешни работи, а бројот постојано се зголемува.

За луѓето да ги спречат да им се приклучат на постојано менуваните протестни рути, властите уште еднаш го исклучија мобилниот интернет и ги затворија станиците на метрото.

Војниците заземаа позиции во Палатата на Републиката, додека комбиња и стотици милицајци чекаа по споредните улици. Претседателската палата беше обезбедена како тврдина затоа што властите стравуваат дека толпата може да упадне во седиштето на Лукашенко.

Светлана Тихановскаја ја пофали храброста на демонстрантите и покрај заканата за апсења.

-Се собравме да го запреме овој режим – и тоа ќе го сториме со мирни средства, рече таа во видео порака.

“Ние сме милиони. И затоа ќе победиме”, додаде таа, а претходно ја нагласи посебната улога на жените кои сами организираа свои протести против Лукашенко.

Денешните редовни неделни протести се случуваат само еден ден откако маскирани униформирани мажи вчера на маршот во Минск уапсија десетици жени, наведе групата за човекови права „Вијасна“. 

Маричиќ на министерски форум ЕУ-Западен Балкан: Неопходна е брза дигитализација на судството за да продолжат постапките и во време на пандемија

Министерот за правда Бојан Маричиќ денеска учествуваше на ЕУ – Западен Балкан министерскиот форум за правда и внатрешни работи, во организација на...

Никола Попоски позитивен на вирусот ковид-19

„Добив позитивен разултат на тест за ковид. Добар сум и немам симптоми. Не смееме никако да ја потценуваме епидемијата“ – напиша на...

Претежно сончево, по одделни котлини со слаба утринска магла

Претежно сончево, по одделни котлини со слаба утринска магла. На места ќе дува слаб до умерен ветер од...

Седница на ЕСС: Поддршката за исплата на плати ќе биде скалеста согласно падот на приходите на компанијата

Финансиската поддршка за работодавачите за исплата на плати ќе биде скалеста согласно падот на приходите на компанијата односно од 14.500 до 21.776...

Марковски: PCR тестовите за коронавирус се голема грешка

Вело Марковски гостува вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21. Тој смета дека овие ПЦР тест кои се бараат за да се оди...