Потврдени 25 нови случаи на ковид 19 – вкупната бројка на дијагностицирани 2039, оздравени се 17 пациенти – починати се 3 лица

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 17 оздравени пациенти во: Скопје-11, Куманово-4, Тетово-1 и Велес-1.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Струга (58г) и пациент од Скопје (47г) и двајцата долго време поставени на механичка вентилација. Во ГОБ  „8 септември“ почина пациент од Тетово (41г) хоспитализиран на 19 мај.

Во последните 24 часа направени се 622 тестирања, а регистрирани се 25 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-14, Куманово-2, Штип-4, Прилеп-1, Тетово-2, Струга-1, Велес-1.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2039, бројката на оздравени пациенти е 1470, на починати е 119, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 450. Последната дистрибуција по градови е:
•       Скопје – 747, активни 210
•       Куманово – 438, активни 33
•       Дебар – 51, активни 0
•       Штип – 50, активни 15
•       Прилеп –211, активни 47
•       Тетово – 179, активни 70
•       Струга – 77, активни 9
•       Велес – 128, активни 40
•       Битола –28, активни 7
•       Охрид –23, активни 8
•       Кавадарци – 5, активни 0 
•       Гостивар –22, активни 4
•       Гевгелија – 4, активни 0
•       Струмица – 3, активни 1
•       Крива Паланка- 6, активни 0
•       Радовиш – 4, активни 0
•       Крушево – 3, активни 0
•       Кочани – 31, активни 0
•       Пробиштип – 2, активни 0
•       Кичево – 2, активни 0
•       Неготино -10, активни 3 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)     
•       Демир Хисар – 1, активни 0
•       Македонски Брод – 2, активни 0
•       Пехчево- 3, активни 0
•       Делчево-1, активни 0
•       Валандово -1, активни 0
•       Виница – 3, активни 1
•       Кратово-2, активни 1
•       Берово-1, активни 0
•       Свети Николе-1, активни 1

Направените 622 теста се преку: ИЈЗ –278, Ветеринарен ф-тет -24, Авицена –20, Биотек -48, Филип Втори (Жан Митрев) –79, Систина со PCR метода -54  и МАНУ -119.  Досега во земјата се направени вкупно 26463 тестирања на ковид -19.

Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 251 тест е во рамките на скринингот во градинки и геронтолошки установи.Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје во Кочани, Куманово и Скопје, а регистриран е еден позитивен случај во геронтолошка установа во Скопје. Досега преку скрининг направени се 2680 тестирања на ковид-19, а регистрирани се вкупно три позитивни случаи на вирусот.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминативе 24 часа нема нови приеми, хоспитализирани се вкупно 50 пациенти. На кислородна поддршка се 25, на механичка вентилација е 1 пациент.

Во ГОБ „8 септември“ примени се 7 нови, а вкупно хоспитализирани 26 пациенти. На респиратор се 6, a со потешка клиничка слика се уште 8 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 4 пациенти, а на домашно лекување се следат уште 4 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 7, а на домашно лекување се следат 2 пациенти. На ифективните одделенија во Велес, Куманово, Прилеп и Охрид се хоспитализирани  40 пациенти -позитивни и сомнителни на ковид-19.