Потпишана повелба против уставни измени, бараат предвремени избори и најавуваат протести

Распуштање на Собранието и распиување на предвремени парламентарни избори, протести пред домовите на пратениците од опозицијата кои гласаа за потребата за уставни измени.

Ова е само дел од она што го содржи Повелбата за стратешка соработка против промената на Уставот, која денеска ја потпишаа претставници на осумдесетина граѓански организации и политички партии од земјава и дијаспората.

Според нив со бојкотот на референдумот била обезбедена само делумна победа, а треба да се продолжи со протести, но и со распишување на предвремени избори со цел комплетно да се спречат уставните измени.

Воедно дел од присутните на потпишувањето на Повелбата обвинија дека се постојана цел на странските служи и тајната полиција кои како што велат се обидуваат да го спречат нивното обединување. Дел од политичките партии и организации кои ја потпишаа повелбата се Единствена Македонија, Тврдокорни, Христијанско Братство и Демократска фракција.