Посебен режим во Дебар Маало – Нелоски до Шилегов: „Вие сте најлошиот градоначалник до сега“

НАШ ПРЕДЛОГ

Филипче: Ова е Клиничкиот центар вечерва, со нов лик, да го чуваме уреден

Министерот за здравство Венко Филипче на својот „Фејсбук“ објави фотографии од изгледот на Клиничкиот центар.

НАСА успешно ја лансираше ракетата на Илон Маск со двајца астронаути

Ракетата на Илон Маск со двајца астронаути, беше успешно лансирана од вселенскиот центар „Кенеди“ во Флорида. Ова...

СЛЕДЕТЕ ВО ЖИВО: НАСА испраќа астронаути до меѓународната вселенска станица

НАСА и Спејсикс ги испраќаат астронаутите Роберт Бехенкен и Даглас Харли до Меѓународната вселенска станица.

Копјата во синоќешното издание на дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 ги кршеа градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов и поранешниот претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Нелоски.

Шилегов обвини дека ВМРО-ДПМНЕ е виновна за продажбата на плоштадот во Скопје, а Нелоски рече дека за тоа веќе народот казнил на изборите во 2017 година.

П. Ш: Вие како политичка партија го продадовте плоштадот на Град Скопје.
В.Н: Јасна ни е поентата.
П.Ш: Што ви е јасно од поентата? Дека го продадовте плоштадот
В.Н: Нема потреба од нервоза.
П.Ш: Не можам да не се нервирам за скопскиот плоштад. Дали вам ви е сеедно што се продава скопскиот плоштад?

Нелоски вели дека ќе нама ниту еден капитален проект кој е ветен, започнат или реализиран во четири годишниот мандат на Шилегов, додавајќи дека планот за живот е најголемата лажна вест.

„Господинот Петре Шилегов е нервозен и нервозен е затоа што, господине Шилегов вие сте лош градоначалник на Град Скопје. Вие сте можеби еден од најлошите градоначалници во Скопје кои ги имало од било која партија.“, вели Нелоски.

Во дебатниот магазин првиот човек на Град Скопје, откри и дека се работи на посебен сообраќаен режим кој треба да им помогне на угостителите во Дебар Маало за по лесно справување со пандемијата на коронавирусот.

„На пример во Дебар Маало ќе утврдиме посебен сообраќаен режим, во текот на некои часа ќе биде забранет сообраќајот со цел угостителите кои имаат мали тераси, ќе може да ја изнесат урбаната опрема со соодветна дистанца и тоа да не им влегува во новиот трошок, туку за веќе поставената тераса да им биде надоместокот.“, рече Шилегов.

На крајот од емисијата се дебатираше и за ФК Вардар, за кој Шилегов рече дека има долг од 2 милиони евра и поради тоа не може да го преземе Град Скопје во своја сопственост. Нелоски му го подари грбот на клубот и како поранешен фудбалер го замоли Шилегов да се изнајде решенија за спас на клубот.

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

НАСА успешно ја лансираше ракетата на Илон Маск со двајца астронаути

Ракетата на Илон Маск со двајца астронаути, беше успешно лансирана од вселенскиот центар „Кенеди“ во Флорида. Ова означува нова ера на патувањата...

СЛЕДЕТЕ ВО ЖИВО: НАСА испраќа астронаути до меѓународната вселенска станица

НАСА и Спејсикс ги испраќаат астронаутите Роберт Бехенкен и Даглас Харли до Меѓународната вселенска станица. Настанот може да...

Тежок живот во уште потешки услови, домаќинот болен и не може да му помогне на семејството

Доволно е само еднаш да ја погледнеш куќата за да ја разбереш маката на ова семејство. 7-членото семејство Метовски...

Нови 14 дена вонредна состојба – ако лидерите не се договорат за изборен датум, ќе интервенира државата

Почнувајќи од утре, Северна Македонија во наредните 14 дена ќе биде во вонредна состојба. Претседателот Стево Пендаровски го усвои предлогот на Владата...