Португалија забрани диви животни да настапуваат во циркус

Португалските власти одлучија до 2024 година да забранат користење на диви животни во циркусите, што минатата недела беше усвоено во Парламентот на оваа земја. Овој потег ги воодушеви активистите кои се борат за заштитата на животните.

Законот се однесува на лавови, тигри, слонови, камили, зебри… Ова се само дел од животните кои што законот ги штити да бидат употребувани во циркусните претстави.

Законот бил донесен со еднакви сили и од левичарите и од десничарите на португалскиот Парламент. Португалија така стана една од 40. земји во Светот кои што забрануваат употреба на дивите животни во циркусите. Пола од земјите се членки на ЕУ.

©TV21.TV Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира!