Поради технички зафати делови од Скопје утре без струја

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Поради технички зафати во електро-системот на Град Скопје утре без електрична енергија утре ќе останат делови од Карпош, Гази Баба, Кисела Вода и Ѓорче Петров, информираат од  „ЕВН Македонија“ АД.

Во периодот од 08:00 до 12:30 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од дел од улица „Крчин“ во Општина Карпош. Од 09:00 до 15:00 часот без струја ќе бидат корисниците од село Црешево, дел од патот кон село Виниче, ул. „3“ и ул. „4“ во село Црешево односно главната улица на влез во селото во Гази Баба.

Од 06:00 до 13:00 часот без електрична енергија ќе бидат и корисниците од дел од улицата „Трајко Иванов“, дел од улиците „Ефтим Спространов“, дел од улица „Димитар Мирасчиев“ во Кисела Вода.

Во периодот од 8:30 до 15:00 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од улицата „Црногорска“ под улица „2“ во Ѓорче Петров.