Поради неплаќање кирија, две од трите галии ќе бидат отстранети од реката Вардар

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Две од вкупно три галии кои се наоѓаат во реката Вардар во центарот на Скопје, ќе бидат отстранети поради тоа што не плаќаат кирија на Градот, пренесува порталот САКАМДАКАЖАМ, потпирајќи се на изјава од кабинетот на градоначалникот Петре Шилегов.

Град Скопје го раскина договорот за галијата во реката Вардар кај хотелот „Холидеј Ин“. Договорот е раскинат пред десетина дена поради неплатена кирија во треаење од четири месеци. Во март поради истата причина, е раскинат договорот за галијата кај „Мепсо“.