Помпео ја обвини Кина: Не споделува информации за коронавирусот

НАШ ПРЕДЛОГ

До трето одделение во клупи, другите онлајн – ЕУ Клик: Коронавирусот и образованието

Првачињата, учениците од второ и трето оделение ќе седанат во училишните клупи, а пак другите ќе следат...

Кредитите ќе мора да се вратат – фирмите ќе бидат обесштетени, ако има пари од стечајот

Граѓните дефинитивно ќе треба да ги вратат кредитите земени преку Еуростандард банка, иако допрва ќе треба да...

Регистрирани 141 нови случаи на ковид 19 – вкупната бројка на дијагностицирани е 12653, оздравени 93 пациенти – починати 4 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2006 тестирања, а регистрирани се 141...

Американскиот државен секретар Мајк Помпео ја обвини Кина дека ги остава САД „зад линијата“ додека се обидува да ја спречи епидемијата на новиот коронавирус.

- Реклама -

Помпео во интервју за Си-ен-би-си истакна дека е „неверојатно фрустрирачки“ да се соработува со кинеската Влада за добивање на податоци за новиот коронавирус, што би можело да помогне во пронаоѓањето на вакцина.

- Реклама -

– Не заборавајте, ова е коронавирус од Вухан кој предизвика епидемија, а информациите кои ги добивме не беа совршени и не доведоа до ова позиција. Тоа не е начин на кој би требало да се работи. Тоа не е начин на кој Америка работи, неопходни се транспарентност, отвореност и делење на информации, посочи Помпео.

- Реклама -

Претходно, американскиот потпретседател Мајк Пенс изјави дека 21 човек на крузерот „Гранд принсес“, на кој не  му е дозволен влез во заливот Сан Франциско, се позитивни на Ковид-19.

На бродот има повеќе од 3.500 патници и членови на екипажот. Инфицирани се 19 членови на екипажот и двајца патници.

Пенс истакна дека крузерот ќе биде упатени во „некомерцијалниот“ дел на пристаништето каде сите патници и членови на екипажот ќе бидат тестирани, а потоа ќе бидат испратени во карантин.

Трамп истакна дека повеќе би сакал патниците да останат на крузерот.

– Лично повеќе би сакал да останат, но во целост ги разбирам ако сакат да се симнат, посочи Трамп.

Во САД вчера беа пријавени 57 нови инфицирани лица со Ковид-19. Првпат има во Колорадо, Мериленд, Тенеси и Тексас како и во Сан Франциско. Со што бројката на заразени се искачи на 230, од кои 12 починаа.

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Кредитите ќе мора да се вратат – фирмите ќе бидат обесштетени, ако има пари од стечајот

Граѓните дефинитивно ќе треба да ги вратат кредитите земени преку Еуростандард банка, иако допрва ќе треба да се утврди на кој начин...

Регистрирани 141 нови случаи на ковид 19 – вкупната бројка на дијагностицирани е 12653, оздравени 93 пациенти – починати 4 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2006 тестирања, а регистрирани се 141 нови случаи на ковид-19 во:...

Украдени над 200 тони пченица во Битола

На 13.08.2020 во 14.00 часот во СВР Битола, Д.К.(48) од Битола пријавил дека во периодот од 25.07.2020 до 13.08.2020, од парцели сопственост...

Силно невреме во Мостар

Во попладневните часови Мостар е погоден од силно невреме, а голема количина дожд и силен ветер им создадоа проблеми на жителите на...