Почна полицискиот час од 16 часот – ангажирана цела полиција, извадени 27 илјади дозволи

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

„Во споредба со другите денови, денеска полицискиот час во целата земја започна во 16 часот. Улиците се празни, а поминуваат само полициски возила за да проверат каква е состојбата“, вели репортерката на ТВ21.

Само еден час пред да почне полицискиот час, во градот можеа да се забележат многу возила кои се враќаа накај нивните домови. Некои користеа велосипед за да заминат побрзо. Клупите на скопскиот плоштад – празни. ТВ21 праша неколку граѓани – што мислат за мерката полицискиот час да почнува од 16 часот?

Според владините мерки, полицискиот час за сите граѓани за време на викенд ќе трае 24 часа, односно од 16 часот в петок до 5 наутро в понедленик. Исто така, Владата одлучи – лицата над 67-годишна возраст од денеска ќе можат да се движат само од 10 до 12 напладне, а младите до 18 години имаат целосна забрана, освен од понеделник до петок од 13 до 15 часот. Се забранува движењето на граѓаните на јавни места и јавни површини во групи поголеми од две лица, при што тука не се вбројуваат лицата помали од 14 години, доколку се деца на родител кој е дел од групата од двајца.