Почна изборниот молк

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Заврши изборната кампања во која кандидатите имаа 20 дена да ја презентираат својата понуда пред граѓаните, а од вечерва од 12 часот почна изборниот молк кој ќе трае до среда до 21 часот.

Во понеделник гласаат лицата кои се во изолација поради пандемијата на коронавирусот, а во вторник болните и изнемоштени лица. За прв пат гласањето ќе трае три дена.

ДИК изминатиот викенд соопшти дека се е подготвено за одржување на изборниот процес.

Ова ќе бидат десеттите парламентарни избори од осамостојувањето на Македонија.