Починатиот албански државјанин во Кавадарци позитивен на коронавирус

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Починатиот албански државјанин во Кавадарци е позитивен на тестот за коронавирусот, потврдуваат од Центарот за јавно здравје Кавадарци.

Од таму велат дека добиле потврда за случајот од Судска медицина.

Се работи за 44-годишно лице кое работело во Кавадарци и Штип, во моментов се бараат лицата кои биле во контакт со починатото лице, а извршена е и дезинфекција во објектот каде било пронајдено.