Почина славниот пејач Оливер Драгојевиќ

Еден од најпопуларните пејачи на поранешните југословенски простори Оливер Драгојевиќ ја загуби битката со тешка болест и почина на 71 годишна возраст. Драгојевиќ починал утринава во 5 часот во сплитската болница, една година откако му беше дијагностициран канцер на белите дробови.

 “Веруј у љубав” , “Опрости ми папе”, “Галеб и ја”, се само дел од песните кои ќе останат врежани во срцата на обожавателите.

Во 50-годишната  кариера објавил 23 албуми, чии што песни се евергрини на музичката сцена.