Почина Пол Ален, еден од основачите на „Мајкрософт“

Пол Ален, еден од основачите на светската компанија „Мајкрософт“, почина на 65-годишна возраст по тешко боледување. Ален заедно со Бил Гејтс се основачи на „Мајкософт“.

Ален се лечел од Хочкинсова болест која успеал да ја излечи, но пред извесно време се вратила и станала уште поагресивна.

Во спортскиот свет тој беше познат како сопственик на НБА тимот Портланд Трејлблејзерс и НФЛ тимот Сиетл Сихокс.

Ален беше финалтроп, и до крајот на својот живот има донирано над 1.5 милијарди долари.

©TV21.TV Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира!