По карантинскиот викенд, Скопје „оживеа“ – за три часа, 9 илјади возила ја поминале патарината во Глумово

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

80 часа Скопје беше мирно и со празни улици. По завршувањето на полицискиот час во 5 утрово, градот почна да се размрдува. На патарината кај Глумово постојано влегуваа автомобили со скопски таблички, а сообраќајот беше отежнат и во градот.

„Според податоците на ЈП “Државни патишта“, од оваа патарина која се наоѓа во скопско Глумово за три часа минале 9 илјади возила“, јавува репортерот на ТВ21.

Повеќето скопјани се враќаа од Охрид, Маврово и Струга.

Граѓаните кои „избегаа“ од главниот град ги преполнија туристичките места. Кафеаните беа полни со гости па поради тоа МВР и Државниот пазарен инспекторат вршеа засилена инспекција. Сам во Охрид се евидентирани 18 прекршоци.

Ретки беа туристите кои носеа заштитна опрема. Најголем број прекршоци се забележани во Струмица со 417 случаи и Охрид со 356, од 1777 прекршоци на цела територија.

Според податоците на МВР, од четвртокот во 21 часот до понеделник во 5 наутро на територија на државата полицискиот час не го почитувале 622 граѓани од кои најголем број од Скопје со 340 прекршоци. На патарината во Глумово денеска влегоа само обични возила но и службени кои беа во полициска придружба.