По 87 дена заврши вонредната состојба – границите отворени, дозволен и транзит на странски државјани

НАШ ПРЕДЛОГ

Продолжува блокадата на депонијата – „Русино“ затворена додека не се најде на нова локација

Движењето „Стоп Русино“  уште 10 дополнителни дена останува на влезот на депонијата Русино, и нема да дозволи...

Пендаровски може да го прекрши Уставот? – Талат Џафери најавува можна уставно-институционална криза

Доколку Претседателот Стево Пендаровски го додели мандатот за формирање на Влада, без притоа да биде избран новиот...

Каде се „кршат копјата“ меѓу ДУИ и СДСМ? – Ахмети инсистирал првата година од новата Влада премиер да биде Албанец

Не само позицијата за премиер Албанец, копјата меѓу СДСМ и ДУИ во преговорите се кршат и за...

За прв пат во својата историја на 18-ти март, земјата прогласи во вонредна состојба. Македонија беше единствената земја која беше затекната без функционално Собрание, па мораше Владата да носи уредби со законска сила за заштита на граѓаните од коронавирусот.

- Реклама -

По 87 дена, вонредната состојба заврши синоќа на полноќ и со тоа Владата според Уставот нема можност веќе да носи закони кои веднаш стапуваат на сила.

- Реклама -

„При постоење на воена или вонредна состојба Владата во согласност со Уставот и со закон донесува уредби со законска сила. Овластувањето на Владата да донесува уредби со законска сила трае до завршувањето на воената или вонредната состојба, за што одлучува Собранието“, вели член 126 од Уставот.

- Реклама -

Професорот Љубомир Фрчкоски за ТВ21 објаснува дека уредбите продолжуваат да важат, независно од прекинувањето на вонредната состојба, а по нив ќе треба да одлучува идниот парламентарен состав.

„Важењето на уредбите со законска сила, трае и понатака со обврска Собранието да ги верифицира кога ќе биде во состав, тоа значи новиот состав. Некои од нив ќе бидат, потврдени како делови на закон, некои ќе бидат вклопени во други закони, трети на кои им изминал рокот на траење може да бидат укинати, а некои можат да бидат и поништени“, истакна Љубомир Фрчкоски за ТВ21.

Владата доцна синоќа последните часови ги искористи и за донесување на нови, последни уредби со законска сила. Рампите на границите сега се кренати, а може да транзитираат и странски државјани низ нашата држава.

„Транзитот на овие лица подразбира влез на еден граничен премин и излез на друг со обврска при транзитот да не се излегува од соодветниот автопат или локален пат и тој да се реализира во рамките на најмногу 5 часа што се потврдува со изјава која странските државјани треба да ја пополнат на влез, а на излез треба корисникот да ја предаде на граничната полиција со цел да се контролира времетраењето на транзитот“, велат од Владата.

За државјаните на Македонија, граничните премини за излез се отворени со потпишување на соодветна изјава, која ја издава МВР на самиот премин. Со таа изјава, секој граѓанин се обврзува дека нема да бара помош од државата, во случај на проблем во странство.

При влез во државата, секој граѓанин мора да приложи направен валиден PCR тест, не постар од 72 часа, кој е негативен. Потоа на граничниот премин потпишуват „Изјава за задолжителна самоизолација во траење од 14 дена“. Доколку таков тест не е приложен, или е приложен невалиден PCR тест, тогаш задолжителен е државен карантин во траење од 14 дена.

Од прогласувањето на вонредната состојба, Владата одржа 42 седници на кои носеше уредби со законска сила.

Во изминатите 87 дена, голем број на владини функционери завршија во изолација поради контакт со заразено лице, а од пред два дена преземени се и засилени мерки на заштита и превенција поради потврден случај со коронавирус во владината зграда.

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Пендаровски може да го прекрши Уставот? – Талат Џафери најавува можна уставно-институционална криза

Доколку Претседателот Стево Пендаровски го додели мандатот за формирање на Влада, без притоа да биде избран новиот собраниски спикер, тогаш неговиот чекор...

Каде се „кршат копјата“ меѓу ДУИ и СДСМ? – Ахмети инсистирал првата година од новата Влада премиер да биде Албанец

Не само позицијата за премиер Албанец, копјата меѓу СДСМ и ДУИ во преговорите се кршат и за бројот на функционерските места кои...

Интервентни единици и војска се распоредуваат во центарот на Минск

Белоруски интервентни единици и воени сили пристигнуваат во центарот на Минск, а припадници на интервентната полиција се упатија по Авенијата Независност кон...

Скопскиот аеродром „мост на корона“ за Европа – 24 патници од летот Скопје-Турку позитивни на ковид-19

24 патници од летот Скопје-Турку, Финска, биле позитивни на коронавирус. Тие во саботата полетале од Скопје кон јужниот град во Финска, и...