По 10 месеци од правосилната пресуда – Гордана Јанкуловска сѐ уште на слобода, се чека Врховен да одлучи

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Екс министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска иако веќе осудена на четири годишна затвроска казна, таа сè уште е на слобода, бидејќи Врховниот суд го одложи издржувањето. Ова беше на најзино барање, првично до Кривичниот, а потоа и од Врховниот суд бидејќи на 1-ви јули 2019 година кога требаше да влезе во Идризово, нејзиното бебе немаше наполнето една година.

Од Врховниот суд велат дека издржувањето на затвроската казна е одложено се до одлучување по поднесените барања за вонредно преиспитување на правосилната пресуда од страна на Врховниот суд на РСМ.

„Јас мислам дека се работи за селективност. Вие знаете и запознаени сте дека кога веќе пристигна упатниот акт дека веќе многу кратко време за да се испрати осуденото веќе лице на издржавање на казната. Меѓутоа во случајов се употребува вонреден правен лек за преиспитување на правосилната судска одлука“, истакна Насер Рауфи.

Рауфи додава дека овој предмет треба да има приоритет и не треба да има толку голем временски интервал за преиспитување на одлуката. Но вели дека има и други предмети кои се заглавени во Врховен.

„Мислам дека во случајов се работи за една селективност, бидејќи мораше да има кога се работи за упатниот акт, односно за започнување на издржување на казната затвор. Та не значи дека треба да има иста динамика како и другите предмети што се, туку требаше досега веќе да има одлука. Но очигледно дека има политичка позадина како и што имаат повеќето предмети“, посочи Насер Рауфи.

Вакво барање за одлагање на казната пред врховен побара и експремиерот Никола Груевски уште во октомври пред да избега во Будимпешта. Тој беше осуден на две години затвор за истот предмет „Тенк“ но на Јанкуловска и се судеше во издвоена постапка поради бременоста.

Врховен по поднесените барања за вонредно преиспитување на правосилната пресуда може да ја укине или пак промени казната.