Пливачката Ева најде начин да тренира, спортистите на различни начини се обидуваат да останат во форма

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Поради пандемијата многу спортисти смислиле различни форми за да тренираат на домашни услови. И пливачката, Ева Барамчева, не престана да вежба, таа постојано тренира во овој мал базен со цел да остане во форма.

Иако последните пет дена базените се отворени, нејзиниот тренер Александар Маленко вели дека овој мал базен ќе остане како план Б, со оглед на тоа дека состојбата со пандемијата не се подобрува.

Тренерот Маленко вели додаде дека на овој начин тренирале во текот на карантинот и дека со оглед на тоа дека состојбата не оди кон подобро, изгледа повторно ќе треба да почнат да тренираат во базенот дома. Тренерот на Ева вели дека таа се подготвува и за Олимписките игри за пливање, за да ја претстави Македонија.

Владата вчера донесе протоколи за работа на базените. Пред влез во базенот секој посетител треба да се истушира и помине преку иперхлорирана дезбариера за миење на нозете.

Ограничен е и бројот на посетители, максимум на 100 метри квадратни може да има 15 посетители, односно еден пливач на 7 метри квадратни.