Пендаровски за ТВ21: Прво консултации со политичките партии, па доделување на мандат за состав на Влада

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Претседателот на државата, Стево Пендаровски за ТВ21 вели дека прво ќе одржи консултации со политичките партии, па потоа ќе го додели мандатот за состав на нова Влада.

„Претседателот Стево Пендаровски ќе одржи консултации со политичките партии пред доверувањето на мандатот. Консултациите ќе се одржат по конституирањето на Собранието“, вели Пендаровски за ТВ21.

Според Уставот, крајниот рок за формирање на Парламентот е 20 дена по одржувањето на изборите. Претседателот на државата Стево Пендаровски е должен во рок од 10 дена од конституирањето на Собранието мандатот за состав на Владата да го довери на кандидат на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Собранието. Мандатарот пак во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието му поднесува програма и го предлага составот на Владата.

„Согласно уставните одредби, мандатот за составот на Владата ќе го довери на кандидат на партијата, односно партиите што ќе обезбедат мнозинство во Собранието“, додава Пендаровски за ТВ21.

Периодот што следува ќе биде неизвесен, исполнет со тешки преговори и долги пазарења меѓу партиите, особено поради тоа што резултатите се тесни.

Според првичните неофицијални резлтати, коалицијата „Можеме“ предоведна од СДСМ освои 46 пратеници, коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ 44, ДУИ 15, Алијанса на Албанците и Алтернатива 12, Левица два и ДПА еден мандат.