Пендаровски: Нема потреба од продолжување на вонредната состојба

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Претседателот Стево Пендаровски денеска напомена дека ќе нема продолжување на вонредната состојба која истекува утре, и дека тоа го правел по барање на Владата, но сега нема такво барање.

„Нема потреба да прогласам нова вонредна состојба. Добив информација дека се обезбедени доволни количини на медицинска и заштитна опрема за слендиот период. Во прилог на тоа говори дека Владата не достави формално барање за воведување на нова вонредна состојба“, рече Пендаровски.