Пендаровски: Нашата битка денес е да обезбедиме достоинствен живот на граѓаните во нашата земја, а не надвор од неа

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Претседателот Стево Пендаровски се обрати од меморијалниот центар на АСНОМ во Пелинце по повод Денот на Републиката 2. Август – Илинден.

„Денес, кога одбележуваме 117 години од Илинденското востание и 76 години од Првото заседание на АСНОМ, се сеќаваме на сите знајни и незнајни херои, комити и партизани кои ги дадоа своите животи во борбата за слобода и независна држава. Благодарение на нив, денес живееме во мир и во своја, меѓународно признаена држава. Затоа никогаш не смееме да го заборавиме нивниот придонес и инспирирани од нивното дело треба да продолжиме да работиме на благосостојбата и просперитетот на државата, почитувајќи се меѓусебно. Мораме да бидеме доблесни  и да ја  признаеме нивната жртва, свесни дека ништо ниту почнува, ниту завршува со нас.

Нашата битка денеска е да обезбедиме достоинствен живот за нашите граѓжани во нашата земја, а не надвор од неа. А за тоа мора да има правда и слобода.

И покрај пандемијата, нашата држава реализираше членство во НАТО после долги години блокади. Овој процес претставува зацврстување на нашата државност, на нашата позиција во меѓународните институции.

Нашите граѓани со право се разочарани, кога гледајќи обвиниелство кое беше надеж за расчистување на криминалот се распадна, со тоа што и самото стана дел од организраниот криминал. Секој злоупотребен денар, секој наместен тендер, е причина повеќе за одлуката на заминување на многу млади и на зголемување на фрустрациите од нашите луѓе во нашата земја.

Единствениот начин да изградиме праведно општество е да го почитуваме правото.

Веднаш по изборот на претседател на државата, реков дека ќе биде да работам на граѓанското помирување, кое ни е потребно од било кога. Се надевам и очекувам таа заложба да биде поддржан од Владата и од опозицијата.“, рече Пендаровски.