Пендаровски може да го прекрши Уставот? – Талат Џафери најавува можна уставно-институционална криза

НАШ ПРЕДЛОГ

Регистрирани 112 нови случаи на ковид 19, починати се 8 лица, оздравени се 159 пациенти

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1372 тестирања, а регистрирани се 112...

Ерменија соборила два противнички хеликоптери, Азербејџан погодил цивилен автобус

Борбите во областа Нагорно Карабах продолжуваат. Ерменската страна извести дека погодила неколку тенкови и срушила два хеликоптери,...

Турски државјанин со мобилен телефон украл 11.000 евра

Секторот за односи со јавност при СВР-Битола информира дека во текот на вчерашниот ден, Х.Д. од Република...
-Реклама-

Доколку Претседателот Стево Пендаровски го додели мандатот за формирање на Влада, без притоа да биде избран новиот собраниски спикер, тогаш неговиот чекор би бил противуставен, вели претседавачот на конститутивната седница, Талат Џафери.

„Неуставно е доделување мандат без да има претседател на Собрание кој ќе ги стави во функција другите рокови кои треба да ги следи Собранието, бидејќи на законодавниот дом роковите му започнуваат од моментот кога ќе го добие известувањето од шефот на државата дека мандатот е доверен. Неовластен човек не може да ги информира пратениците“, истакна Талат Џафери.

Ова е предвидено во Деловникот, објаснува Џафери, додавајќи дека секој процес кој може да започне, може да го стави под знак прашалник целиот изборен процес кој штотуку заврши. Исто така најавува дека ако мандатот за формирање на Владата се довери без да претседател на Собрание, тогаш се ризикува институциите да влезат во уставно-институционална криза, бидејќи Претседателот нема кого да информира.

- Реклама -

„Да претпоставиме дека на 14 (август) политичките партии ќе излезат со изјава дека имаат мнозинство и дека тој ден Пендаровски ќе го додели мандатот….“, додава Талат Џафери.
ТВ21: И се вели – да го извести претседателот на Собранието…
Т.Џ: Кого ќе извести Претседателот дека го доделил мандатот, согласно Членот 110 од Деловникот на Собранието? Претседателот на Собранието кој не постои?!

Сите овие дилеми беа покренати од прашањето – кога може да се каже дека Парламентот е конституиран, со верификување на пратеничките мандати или со избор на претседателот на Собранието? Мандатот за новата Влада не може да се додели, бидејќи сѐ уште нема формирано парламентарно мнозинство, кое би го избрал наследникот на Џафери. Џафери вели дека како претседавач на Собранието, според Деловникот, ќе продолжи да претседава со конститутивната седница сѐ додека не биде избран новиот собраниски спикер. Настанатата состојба ја гледа како последица на политички толкувања, а не со правна основа. Додава дека Уставниот суд има простор за превентивна работа и рок да се произнесе околу овие дилеми.

Ерменија соборила два противнички хеликоптери, Азербејџан погодил цивилен автобус

Борбите во областа Нагорно Карабах продолжуваат. Ерменската страна извести дека погодила неколку тенкови и срушила два хеликоптери, додека Азербејџан погодил цивилен автобус,...

Регистрирани 539 прекршоци за неносење маски

Во текот на изминатото деноноќие (28/29.09.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија по однос на мерката за неносење личназаштита на лице...

Извештај на ИЈЗ за период 21-27.09.2020: Намалување на бројот на новозаболени и починати лица, зголемување на бројот на оздравени

Министерството за здравство информира дека согласно извештајот на Институтот за јавно здравје кој се однесува на периодот од 21 до 27 септември...

Во светот починаа над еден милион луѓе од последиците на Ковид-19

Бројот на починати во светот од новиот коронавирус денеска надмина еден милион лица, пробивајќи ја новата психолошка граница во пандемијата што ја...

Меркел: Итен прекин на огнот во Нагорно Карабах

Германската канцеларка Ангела Меркел разговараше денеска со ерменскиот премиер Никол Пашињан и со азербејџанскиот претседател Илхам Алиев, барајќи прекин на оружените судири.