„Пендаровски ја доби функцијата на Макрон“ – Шасивари: Со доделувањето на мандатот влегуваме во правна неизвесност

НАШ ПРЕДЛОГ

Кога на кафе во Приштина без ПЦР тест?! Поделеност меѓу владините министри за отворање на границите

„Граѓаните постојано бараат да се отворат границите, а политичарите дебатираат, некои сметаат дека се уште е рано,...

Мухамед Зеќири со обвинувања до Арбр Адеми – екс министерот возврати „Дежурен провокатор кон ДУИ“

„Министерството за образование од минатиот мандат покажало негрижа за почетокот на новата учебна година, а министерот Адеми...

МОН: Успешно заврши првиот училишен ден, важно е секое дете да следи настава

Министерството за образование и наука соопшти дека првиот училишен ден помина успешно за најголем дел од учениците...
-Реклама-

Доделувањето на мандатот без претходно обезбедено парламентарно мнозинство и без функционално Собрание, според универзитетскиот професор по право, Јетон Шасивари, е преседан кој се случува првпат во демократската и парламентарната историја на Северна Македонија.

„Вчера со доделувањето на мандатот беше инсталиран нов политички преседан. Значи, првпат во парламентарната историја на нашата земја, беше доверен мандатот за формирање Влада, без претходно да има некаков допис“, истакна Јетон Шасивари.

- Реклама -

Со оваа одлука, како што вели Шасивари, шефот на државата, Стево Пендаровски, добил уставна функција која ја има само францускиот Претседател, Емануел Макрон. Поради тоа што нашиот Устав е целосно поинаков од оној на Франција, професорот смета дека земјата влегува во правна неизвесност.

„Оваа уставна функција за назначување на премиер без никаква обврска за тоа да ги консултира сите парламентарни партии, ја има францускиот Претседател, Емануел Макрон, во сосема поинаков модел на организирање на Уставот, кој е суштински поинаков од нашиот систем и модел на Уставот и на организирање на централната власт. Затоа велам – од вчера ние како држава влеговме во ситуација на правна неизвесност во однос на конституирањето на нов постизборен политички систем“, додаде Јетон Шасивари.

- Реклама -

Дилеми гледа и во комбинирањето на двата члена од Уставот, односно на Членот 84 Став 1 Алинеја 1, каде се вели дека шефот на државата го определува мандатарот за формирање на Владата и Членот 90 Став 1 во кој пишува дека кандидатот пред да го добие мандатот треба да има обезбедено парламентарно мнозинство од најмалку 61 пратеник во Собрание.

„Во јавност се покренува дилема дека во вакви услови, кога имаме нефункционален Парламент – да не случајно Претседателот ја присвојува за себе уставната функција, која ја нема согласно нашиот Устав? Во името на Членот 84 за определување на мандатарот, фактички да го назначи и премиерот, а не да го определи мандатарот за формирање на Владата“, додава Шасавари.

- Реклама -

Но, Пендаровски убеден дека не прави преседан, бидејќи како што вели, до нивната архива никој нема доставено доказ дека обезбедил мнозинство во Собрание за да го додели мандатот. Единствениот случај, како што објаснува, кога бил доставен доказ дека има обезбедено 61 пратеник, било по изборите во 2016 година, кога екс-Претседателот Ѓорге Иванов, одбиваше да му го врачи мандатот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, како втора партија по бројот на освоени пратеници.

ВЕСТИ ВО 19:30

#21LiveNews

#21LiveNews 19:30 Вести на македонски јазик | 01.10.2020

Posted by TV21 on Thursday, October 1, 2020

Новите терапии овозможуваат поквалитетен живот за лицата со ретки болести

На Меѓународниот ден на лицата со Гоше, Министерството за здравство ја нагласува својата заложба за понатамошно подобрување на здравствените и социјални услуги...

Филипче: Излекуваните од Ковид-19 да даруваат конвалесцентна плазма

Министерот за здравство Венко Филипче преку својот ФБ профил ги повика сите излекувани пациенти од Ковид-19 кои ги исполнуваат условите за дарување...

Заев и Царовска на првиот училиштен ден во „Коменски“

Премиерот Зоран Заев и министерката за образование и наука Мила Царовска по повод почетокот на учебната 2020/2021 година ќе се обратат во...

Над 73 милиони гледачи ја следеле првата тв-дебата Трамп-Бајден

Повеќе од 73 милиони луѓе во САД го следеа првиот круг на предизборните телевизиски дебати меѓу актуелниот претседател Доналд Трамп и кандидатот...

Вонреден самит на ЕУ

Лидерите на ЕУ27 денеска и утре ќе се состанат на вонреден самит во Брисел за да разговараат за надворешната и безбедносната политика,...