Пендаровски донесе одлука: Прогласена нова вонредна состојба!

НАШ ПРЕДЛОГ

Чак Норис објави видео порака до Александар Лукашенко (ВИДЕО)

Американскиот глумец Чак Норис сними видео порака до Александар Лукашенко, чија официјална победа на минатонеделните претседателски избори...

Локални поројни врнежи, ветер, грмежи и град викендов

Локални поројни врнежи од дожд, на места доста интензивни, во вид на невреме и проследени со ветер,...

До 31 август продолжено привременото ограничување на поврзувањата на Грција со Македонија

Министерската одлука за привремено ограничување на поврзувањата на Грција со Северна Македонија, Турција и Албанија, од 31...

Претседателот Стево Пендаровски вечерва донесе нова одлука за утврдување на постоење на вонредна состојба на територијата на целата држава.

- Реклама -

Одлуката е донесена врз основа на член 125 и член 126 од Уставот на Република Северна Македонија, по поднесениот предлог од страна на Владата, а е во времетраење од осум дена, почнувајќи од 15 јуни 2020 година.

- Реклама -

Политичките партии постигнаа договор предвремените парламентарни избори да се одржат на 15 јули 2020 година.

- Реклама -

Во таа насока, одлуката за прогласување на вонредна состојба се донесува со цел да се овозможи непречена подготовка на изборите, а особено спроведување на мерки за заштита на јавното здравје за време на изборниот процес, во услови на пандемија на Корона вирусот прогласена од Светската здравствена организација.

Вонредната состојба во времетраење од осум дена ќе овозможи непрекинато да се одвива изборниот процес, да се донесе решение за изборите од страна на претседателот на Собранието и изменет роковник од страна на Државната изборна комисија за одржување на изборите на 15 јули. 

По постигнатиот политички договор, претседателот Пендаровски очекува институциите навремено да ги преземат сите активности од нивна надлежност со цел квалитетна и комплетна подготовка и спроведување на изборниот процес.

Во таа смисла претседателот Пендаровски очекува деновите од вонредната состојба да бидат искористени единствено да се донесат неопходните одлуки и протоколи за организирање и спроведување на изборите, со акцент на мерките за заштита на јавното здравје.

Претседателот Пендаровски очекува предвремените парламентарни избори да бидат фер, слободни и демократски, имајќи ја предвид евроатлантската перспектива на земјата.

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Локални поројни врнежи, ветер, грмежи и град викендов

Локални поројни врнежи од дожд, на места доста интензивни, во вид на невреме и проследени со ветер, грмежи и град се очекуваат...

До 31 август продолжено привременото ограничување на поврзувањата на Грција со Македонија

Министерската одлука за привремено ограничување на поврзувањата на Грција со Северна Македонија, Турција и Албанија, од 31 јули 2020 година, што е...

На патот Свети Николе – Куманово во товарно возило пронајдени 43 мигранти, меѓу кои имало и деца

На 14.08.2020 околу 12.00 часот на регионалниот пат Свети Николе - Куманово, полициски службеници дале знак за запирање на товарно возило „мерцедес“,...

Приведено лице од скопско Мојанци – споделувал видео и фотографии на „Тик Ток“ како предизвикува пожар

СВР Скопје - Единицата за насилен криминал, до Основното јавно обвинителство Скопје ќе поднесе писмено известување за 17-малолетник од с.Мојанци, скопско, поради...