Пендаровски: Борбата за повеќе права и еднакви можности треба да продолжи

НАШ ПРЕДЛОГ

Бузаку со скандалозни документи: ИВЗ исплатила 20.000 евра на синот на сега разрешениот поглавар Реџепи

Во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21, вчера гостуваше Скендер Буџаку кој за себе рече дека е...

ФОТО: По укинувањето на полицискиот час, градскиот парк во Скопје е преполн

Од денеска нема повеќе полициски час во нашата земја. И во првиот дел од укинувањето, веднаш раздвиженост...

Владината одлука за враќање на работа од 1.јуни не важи за хронично болните и родителите со деца до 10 години

Владината одлука од вчерашната 57-ма седница за враќање на работа од Први јуни не важи за хронично...

Борбата за повеќе права и еднакви можности треба да продолжи додека и најранливите меѓу нас не ги уживаат основните човекови права и не прифатиме дека ние живееме едни со други независно од нашите разлики. Положбата на ЛГБТИ-луѓето во земјава е се уште на незавидно ниво, многу од нив живеат во страв за општествената прифатеност и социјална положба, наведува претседателот Стево Пендаровски во пораката по повод по повод 17 Мај – Меѓународниот ден против хомофобијата, трансфобијата и бифобијата.

– Меѓународниот ден против хомофобијата, трансфобијата и бифобијата – 17 Мај оваа година, за жал, го дочекуваме по одлуката на Уставниот суд да го укине Законот за спречување и заштита од дискриминација, кој стапи на сила пред една година. Законот за спречување и заштита од дискриминација беше огромен исчекор забранувајќи секаква дискриминација врз основа на раса, боја на кожа, потекло, национална или етничка припадност, пол, род, сексуална ориентација, родов идентитет, припадност на маргинализирана група, јазик, државјанство, социјално потекло, образование, религија или верско уверување, политичко уверување, друго уверување, попреченост, возраст, семејна или брачна состојба, имотен статус, здравствена состојба, лично својство и општествен статус или која било друга основа, наведува шефот на државата во пораката.

Претседателот Пендаровски натаму потенцира дека со овој закон се обезбедува професионална Комисија за спречување и заштита од дискриминација, преку зголемување на нејзината независност и надлежност.

– Очекувам идниот парламентарен состав, веднаш по конституирањето да го стави Законот како една од приоритетните точки во својата работа. Како земја која има аспирации да биде дел од семејството на современите евроатлантски демократии, не смееме да дозволиме да немаме ефикасна законска рамка која ќе ги штити маргинализираните заедници, соодветно на вредностите на отворено и демократско општество, истакнува претседателот Пендаровски во пораката по повод 17 Мај – Меѓународниот ден против хомофобијата, трансфобијата и бифобијата. 

- Advertisement -
- Advertisement -

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

ФОТО: По укинувањето на полицискиот час, градскиот парк во Скопје е преполн

Од денеска нема повеќе полициски час во нашата земја. И во првиот дел од укинувањето, веднаш раздвиженост меѓу граѓаните.

Владината одлука за враќање на работа од 1.јуни не важи за хронично болните и родителите со деца до 10 години

Владината одлука од вчерашната 57-ма седница за враќање на работа од Први јуни не важи за хронично болните и за родителите кои...

Вонредната состојба ќе се продолжи? Спасовски не ја промени уредбата, ВМРО-ДПМНЕ се заканува со бојкот на изборите

Со завршувањето на вонредната состојба, продолжуваат сите изборни активности, изјави техничкиот премиер, Оливер Спасовски. Тој ја отфрли можноста за одложување на изборите...

Разрешен поглаварот на ИВЗ Сулејман Реџепи – Бузаку: Сценарио диригирано од Реџепи

Поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи е разрешен од неговата функција. Оваа одлука е донесена со 2/3 од гласовите на вонредната седница на...
- Advertisement -

НА ИСТА ТЕМА

- Advertisement -