Пациентот на Инфективната клиника во Скопје негативен на корона вирус

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

„Информираме дека се негативни на корона вирус резултатите на пациентот кој вечерва беше тестиран на Инфективната клиника во Скопје“, стои во соопштението од Министерството за здравство.

Од таму додаваат дека будно ја следат состојбата и во континуитет постапуваат по препораките на Светската здравствена организација, и дека од денеска Министерството за здравство го подигна степенот на подготвеност на највисоко ниво.

Се формира Кризен штаб во рамките на Министерството, а на сила стапија и нови зајакнати мерки за превенција од и справување со евентуални заболени од корона вирус.