Пациент прима терапија пред врата на болница – МЗ: Нема простор за паника, тоа беше барање на родителите

НАШ ПРЕДЛОГ

Груевски: Замина Амди Бајрам, незаборавен лик во македонската политика, имавме одлична соработка

Никола Груевски, екс премиерот кој е во Будимпешта, и кој комуницира преку „Фејсбук“, стави статус за починатиот...

Борисов излегува од самоизолација

Регионалниот здравствен инспекторат во Софија, соопшти дека е укината задолжителната самоизолација на бугарскиот премиер Бојко Борисов.

„Ел Класико“: Реал Мадрид подобар од Барса на „Камп Ноу“

Шпанскиот шампион Реал Мадрид го освои првото издание на „Ел Класико“ оваа сезона по победата од 3:1...

Пациент се третира пред болницата во Струмица. На ова видео се гледа како лекарите му ја даваат терапијата пред влезот на објектот. Ова ги вознемири граѓаните кои се во паника – да не случајно се пополнил капацитетот на леглата. Од Министерството за здравство смируваат – пациентот се третираше надвор, по барање на родителите, а не поради тоа што немаше место внатре.

„Од Струмичката болница нѐ информираа дека пациентот кој се лекува од хроничка бубрежна инсуфициенција примил терапија до вратата на болницата поради тоа што неговите родители не дозволувале да биде внесен во болницата поради тоа што имаат страв од Ковид-19. Тоа е причината зошто на младиот пациент му е дадена терапија пред влезот на болницата“, велат од Министерството за здравство.

Во нашата земја има околу 5.000 активни случаи на Ковид-19 и над 800 починати како последица на вирусот. Здравствените власти загрижени поради замавот кој го добива коронавирус и најавуваат скок на бројот на позитивни случаи.

Поради тоа, МЗ ја забрзува постапката за носење пакет анти-ковид мерки како што се: ограничување на бројот на гости, забрана за собири на јавни места по 22 часот и носење маски на отворено.  Владата одлучи –  за овие мерки да стапат на сила потребни се измени на Законот за заштита на населението од заразни болести. Филипче објасни дека законот веќе е собраниска постапка и дека очекува да се изгласа следната недела.

Но, ќе дадат ли поддршка сите партии за овие мерки? Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, рече дека сѐ уште не знае за какви мерки станува збор и додава дека неговата партија не ги менува ставовите според потребите на Владата, туку дека работат на интерес на граѓаните.

Британка посвоила 14 деца од Африка

 Млада Британка пред осум години отишла како доброволна помош во африканската земја Танзанија, па одлучила да посвои 14 деца оттаму, за „да...

Почина Амди Бајрам

Поради проблеми со срцето, поранешниот пратеник во Собранието, Амди Бајрам починал во клиниката „Филип Втори“, пренесоа од неговата партија Сојуз на Ромите...

Филипче: Се надевам дека ќе нема потреба да носиме пациенти во странство, но се подготвуваме и за такво сценарио

Венко Филипче, министерот за здраство, денеска се обрати на медиуите од Струмица. Тој најави дека за неколку дена ќе биде ставено во...

Полскиот претседател позитивен на коронавирус, во земјата протести против строгите мерки

Полскиот претседател Анджеј Дуда е позитивен на коронавирусот, објави денеска неговиот портпарол Блажеј Спихалски. Тој напиша на Твитер дека...

Бајден вети бесплатна вакцина за сите Американци ако биде избран за претседател

Демократскиот кандидат за претседател на САД, Џо Бајден, зборувајќи за своите планови за борба против коронавирусот, рече дека доколку биде избран за...