Парламентарни избори во време на пандемија – дали ќе излезат граѓаните да гласаат на 15 јули?

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Во Северна Македонија на 15 јули ќе се одржат предвремени парламентарни избори во време на пандемија кога бројот на заразени со коронавирус на дневно ниво е троцифрен. Дали ќе биде тоа пречка граѓаните на денот на изборите да излезат на гласање? ТВ21 спроведе анкета за да ги праша граѓаните дали во среда ќе излезат да го остварат нивното право на глас?

Дали се плашат граѓаните да излезат да гласаат поради инфекција со Ковид-19 и дали ги знаат правилата на однесување на денот на гласање?

„Секако дека треба да се преземат мерки, треба да почитуваме дистанца, но вирус нема. Важно е да се гласа. Треба да се среди нешто, бидејќи работите не се добри“, вели граѓанин.

„Не се плашиме од вирусот. Ги знам сите правила како треба да се гласа и ако не ги знаев, таму ќе ми ги кажеа. Секако дека треба да се гласа, важно е да имаме Влада, Собрание и да функционираат институциите на системот“, додава граѓанин.

Поради пандемијата со коронавирусот, гласањето ќе се одржи според безбедносните протоколи за заштита на здравјето на граѓаните, подготвени од Комисијата за заразни болести. Освен во нашата земја, избори за време на пандемијата се одржаа и во Србија и Хрватска.