Папата е ставен под надзор заради Ковид-19, имал средба со инфициран кардинал

НАШ ПРЕДЛОГ

Груевски и Јанакиевски прогласени виновни за „Насилството во О.Центар“ – Фетаи: Делумно сум задоволна од пресудата

За предметот „Насилство во општина Центар“ Груевски е осуден со 1.5 години затвор, а екс министерот Миле...

Бирократијата за претпријатијата намалена, државата добро котира по индексот на бирократија

Финансиите не се главниот проблем за фирмите во услови на КОВИД. Сега е моментот кога на Компаниите...

Османи: Интензивирање на контактите со Бугарија за надминување на проблемите

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, порача дека во наредниот период македонската влада ќе ги интензивира контактите...
-Реклама-

Папата Франциск е ставен под постојан медицински надзор поради сомневање за инфекција со коронавирус, по средбата што ја имал со филипинскиот кардинал Луис Антонио Тагле, за кого подоцна се утврдило дека е позитивен.

Филипинскиот кардинал Тагле (63) на 29 август имаше приватна аудиенција кај папата Франциск. По враќањето во Манила, на 10 септември, филипинскиот кардинал бил тестиран за коронавирус, пренесе Гардијан.

- Реклама -

Државниот секретар на Ватикан, Пјетро Паролин, за Анса изјави дека здравјето на папата е под постојан мониторинг и дека моменталната состојба не е загрижувачка, но дека, сепак, тие се претпазливи.

Папата со сите свои посетители во Апостолската палата разговара без заштитна маска. Минатата недела, меѓутоа, за првпат од почетокот на пандемијата тој беше виден како носи маска.

- Реклама -

Папата ја избегнува својата вообичаена пракса на ракување и бакнување бебиња и користи средства за дезинфекција на рацете.

Тој и во март беше тестиран за коронавирус, кога беше откриено дека надбискупот кој живеел во истата резиденција заболел од Ковид-19.

Филмскиот фестивал Џифони се одржува под посебен протокол

Гости во вчерашната емисија „Урбан таг“ на ТВ21 беа извршниот директор на фестивалот Дарко Башески и програмскиот директор Деа Тембо Крстевска.

Бирократијата за претпријатијата намалена, државата добро котира по индексот на бирократија

Финансиите не се главниот проблем за фирмите во услови на КОВИД. Сега е моментот кога на Компаниите треба  да им се намали...

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд и со умерен до засилен ветер од западен и северозападен правец. На места врнежите ќе...

Шилегов: Продолжува остранувањето на дивоградбите од Скопје 2014

Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов вели дека институцијата со која тој раководи продолжува со активностите за остранување на дивоградбите што се...

Ерменија соборила два противнички хеликоптери, Азербејџан погодил цивилен автобус

Борбите во областа Нагорно Карабах продолжуваат. Ерменската страна извести дека погодила неколку тенкови и срушила два хеликоптери, додека Азербејџан погодил цивилен автобус,...