Ова е условот на Беса – ако не се прифати нема да гласаат ЗА уставните промени

Одложувањето на пленарката за уставните промени е поради условите кои бара Беса да бидат исполнети. Според информациите на ТВ21 на Заев му недостигна уште еден глас за 2/3 мнозинство.

ТВ21 ексклузивно дознава, што бараат од движењето Беса. Нивниот предлог амандман е „За граѓаните од Албанската етничка припадност, во прописите и другите акти на државните органи државјанството на македонски јазик ќе гласи “македонско/граѓани на Република Северна Македонија” на албански јазик ќе гласи “eMaqedonisë/qytetar i Republikës së Maqedonisë Veriore” и на англиски “macedonian/citizen of Republic od North Macedonia”.

Од Беса за ТВ21 велат дека доколку Заев не ги исполни нивните барања тие нема да дадат зелено светло на уставните промени.

©TV21.TV Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира!