„Ова е сценарио на Реџепи, не е можно човек кој бил разрешен минатата година, повторно да биде разрешен“, порача Бузаку

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Скендер Бузаку во вчерашниот дебатен магазин „Click Plus“ на ТВ21 обвини дека вчерашното разрешување на поглаварот на ИВЗ е сценарио директно од Сулејман Реџепи.

Тој порача дека не е можно човек кој бил разрешен минатата година, да биде повторно разрешен.

„Го разреши ријасетот. Едногласно. Значи Сулејман Реџепи, поднел оставка, бил разрешен, за оваа седница ИВЗ имаше поднесено документи во Основен суд 2, при што имаше судска одлука. Одлуките кои произлегоа од таа седница имаа и правен ефект, бидејќи од овие одлуки произлезе и судската одлука од судот кој го потврдува поглаварот на ИВЗ“, посочи Бузаку.