Отворена 15-та Меѓународна академска конференција за европски интеграции на УАКС

НАШ ПРЕДЛОГ

Променливо облачно со пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Како...

Дневен хороскоп за недела (31. мај 2020)

ОВЕН Работа: Сте успеале да ги решите проблемите на полето работа. Задоволни сте затоа...

Филипче: Ова е Клиничкиот центар вечерва, со нов лик, да го чуваме уреден

Министерот за здравство Венко Филипче на својот „Фејсбук“ објави фотографии од изгледот на Клиничкиот центар.

На Универзитет Американ Колеџ, Скопје денеска се одржа 15-та Меѓународна академска конференција на тема „Климатски промени: Предизвици и градење“. На конференцијата, која се одржа онлајн, меѓу учесниците беа и претседателот на државата Стево Пендаровски, амбасадорот на ЕУ Самуел Жбогар и заменик-министерот за животна средина Јани Макрадули.

Претседавачот со конференцијата, универзитетската професорка Миодрага Стефановска Петковска
ја нагласи лекцијата која човештвото ја научи од корона пандемијата.

-Иако светот беше соочен со криза од огромни размери, човештвото научи дека изолацијата не значи да се биде сам. Се потсетивме на важноста од чисто небо, незагаден воздух и улици ослободени од сообраќаен метеж и оставени само на пешаците и точаците. Со тоа, на еден свој уникатен начин, корона пандемијата не научи да му дадеме шанса на зеленото, истакна таа.

Претседател на Република Северна Македонија  Пендаровски ја потенцира врската помеѓу пандемијата и климатските промени.

-Коронавирусот доведе до забавување, некаде и до целосно запирање на индустријата, производството, транспортот во многу земји во светот. Краткорочно, тоа има позитивен ефект врз животната средина. „Оксфорд аналитика“ проценува дека „емисиите на јаглероден диоксид значително ќе се намалат во 2020 година како резултат на продолжениот прекин на многу економски активности“. Сателитите на НАСА и на Европската вселенска агенција потврдија дека, само во случајот со Народна Република Кина, нивото на нитроген диоксид (NO2) е намален за 40 отсто.

Според Пендаровски овие податоци недвосмислено потврдуваат две нешта. Прво, дека човекот е одговорен за емисијата на јаглероден диоксид во атмосферата. И второ, дека природата сè уште може за релативно кратко време да врати дел од нарушениот баланс.

-Се разбира, доколку тоа ѝ го дозволиме. Сè додека фосилните горива се срцето на глобалниот енергетски систем, ние ќе имаме неодржлив економски модел на раст и развој. Затоа, нашиот економски и техничко-технолошки развој мора да стане климатски неутрален, истакна тој.

Амбасадор на ЕУ Самуел Жбогар во своето обраќање ја истакна можноста да се претвори климатскиот предизвик во климатска можност.

-Важноста на Европскиот Зелен Договор за адресирањето на климатските промени е огромна и затоа овој документ е препознаен и како новата стратегија за развој на Европската Унија. Тој е наменет да придонесе кон адресирањето на климатските промени на повеќе нивоа – од активности во бизнис заедницата, преку индивидуалните и општествените промени до релевантни економски интервенции како креирањето на нови работни места, рече тој.

Амбасадорот ја нагласи и улогата на нашата земја во заедничката зелена агенда.

-Коронавирусот ја подигна свесноста за солидарност и заеднички одговор бидејки солидарноста и заедништвото се основата на развојот на ЕУ, истакна амбасадорот Жбогар.

Заменик- министерот за животна средина Макрадули ја истакна потребата од нов Македонски зелен договор.

-Додека реалноста на Ковид 19 и укажа на нашите слабости и важноста на солидарноста и соработката, климатските активности станаа луксуз. Но преку силно лидерство, геополитичка соработка и стабилни институции научивме дека треба да инвестираме во иднината, а не во минатото, рече тој.

Заменик министер Макрадули ја истакна важноста на Зелениот договор за нашата земја.

-Ни треба нов Македонски зелен договор кој е интегративен, инклузивен и мултидисциплинарен. Утрешниот ден ја обележува улогата и важноста на биодиверзитетот, и напори треба да бидат направени кон неговата интеграција градската средина. Од неоспорна важност е вложување во обновливите извори на енерија кои се од особена важност за малите и средните претпријатија. Истовремено, мораме да продолжиме со планот за чист воздух, масовен процес на трансформација на зградите кон енергетски ефикасни објекти, дигитализацијата, улогата на науката и важноста на кредибилните извори на информации и вестите, како и интегрирањето на свесноста за климатските промени во делувањето на приватниот сектор, нагласи Макрадули.

Тој потенцира дека мора да се препознае дека чистиот воздух е нераскинливо поврзан со климатските промени.

-Не постои вакцина за климатките промени и согласност со тоа мора да се базираме на солидарност и креативност и да покажеме дека ние како земја можеме заеднички да изградиме нов Македонски зелен договор и да прераснеме во лидер во регионот на ова релевантно поле, рече Макрадули.

Директорката на Фридрих Еберт Штифтунг за Република Северна Македонија, Ева Елерајт  истакна дека климатските промени претставуваат зеднички предизвик кој не препознава политички бои и треба да препознае напор кој треба да се направи за да се остави подобар свет на новите генерации. Таа ја препозна улогата на пандемијата во препознавањето на важноста и можноста за климатските промени.

Добитничката на престижната награда за животна средина „Голдман“ за 2019 година, Ана Чоловиќ Лешоска ја потенцира важноста на Европскиот зелен договор и неговата важност посебно во времето на пандемијата. Истовремено ЕУ ја препозна важноста од вклучување на земјите на Западениот Балкан како неопходни партнер кон постигнување на климатка неутралност. Меѓу другото, таа истакна дел од клучните сегменти на зелената агенда како декарбонизацијата, циркуларната економија, загадувањето.

Покрај учесниците од земјава, на конференцијата свои излагања имаа и научници и истражувачи од повеќе земји, кои ги презентираа трудовите на теми поврзани со климатските промени.

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Дневен хороскоп за недела (31. мај 2020)

ОВЕН Работа: Сте успеале да ги решите проблемите на полето работа. Задоволни сте затоа што сте успеале да се...

Филипче: Ова е Клиничкиот центар вечерва, со нов лик, да го чуваме уреден

Министерот за здравство Венко Филипче на својот „Фејсбук“ објави фотографии од изгледот на Клиничкиот центар. „Ова е Клиничкиот...

НАСА успешно ја лансираше ракетата на Илон Маск со двајца астронаути

Ракетата на Илон Маск со двајца астронаути, беше успешно лансирана од вселенскиот центар „Кенеди“ во Флорида. Ова означува нова ера на патувањата...

СЛЕДЕТЕ ВО ЖИВО: НАСА испраќа астронаути до меѓународната вселенска станица

НАСА и Спејсикс ги испраќаат астронаутите Роберт Бехенкен и Даглас Харли до Меѓународната вселенска станица. Настанот може да...