Отворањето на градинките ниту на повидок – кој ќе се грижи за децата ако родителите тргнат на работа?

НАШ ПРЕДЛОГ

🔴 [ВО ЖИВО] Протест во Тетово

Во Тетово попладнево е организиран масовен протест против поскапувањето на струјата. Во продолжение следете...

Костовски: Сценариото се спремало – тие кои знаеле дека ќе се затвори банката, си ги повлекле парите

Најголемиот акционер во „Еуростандард Банка“, Трифун Костовски денеска на прес конференција посочи дека сценариото се спремало, а...

Бројот на активни случаи од ковид-19 намален под 3.000 – пристапот на широко тестирање дава резултати

Институтот за јавно здравје денес регистрира намален број на активни случаи – 2950. После подолг период бројот...

Иако предходно беше изготвен протокол за работа, беа направени сите подготовки меѓу кои и тестирање на вработените, зголемениот број на заразени со Ковид-19 го одложи и отворањето на градинките.

- Реклама -

Со почетокот на пандемијата, тие беа меѓу првите кои ги затворија вратите и престанаа да функционираат. Грижата околу најмалите претставува проблем за голем број на родители кои мора да одат на работа, а нема кој да им ги чува децата.

- Реклама -

„Прво деца како деца, сакаат да си играат, значи не може да ги одвоиш. Е сега сите немаат баби за да ги чуваат. Значи некој е приморен, не може да отсуствува од работа повеќе од колку што им се дава. Сепак тоа е ризик. Треба да бидат отворени, затоа што има многу деца кои што нема кој да ги згрижи и луѓето што работат таму и негователките, од каде ќе земат личен доход, ако не работат. И училиштата, тоа е страшна работа. Ако не се отворат и училиштата, и ние како баби и вие како родители, не можеме да им дадеме знаеље како во училиштата“, вели граѓанка.

- Реклама -

„Не знам, со оглед на оваа ситуација сите се плашиме и стварно не знам што да кажам. Мислам дека е подобро да не бидат се уште отворени. Помалку дечиња да има, да нема како сега, мислам дека сега се многу во групите. Тие што имаат можност децата да седат дома, тие што немаат да ги носат децата во градинка. Сепак е поинаку кога е помал бројот на деца“, вели граѓанка.

Александар Стојанов, член на Комисијата за заразни болести и директор на Центарот за јавно здравје за ТВ21 вели дека за сега отворањето на градинките ќе оди многу тешко.

„Од Министерството за труд и социјална политика немаат подготвено протоколи како сето тоа би се организирало, а да биде безбедно по здравјето на децата. Само околу 30 проценти од градинките би можеле некако да се организираат за непречена грижа околу најмладите. Групите не смеат да бидат преоптоварени, а се знае дека таму има и по 30-тина деца, што е навистина многу. Главно е да бидат редуцирани, но мора да имаме комплетна слика од Министерството за труд колкави се просториите, по колку деца има во установите, не може туку така да речеме, ајде почнувајте со работа во услови на најголемата пандемија во светот. Од друга страна, пак, имаме среќа што децата не се ризична група кога станува збор за корона вирусот. Само 2 до 3 отсто може да се раболат, но наша работа е да обезбедиме најдобри безбедни услови за здравјето на децата“, истакна Александар Стојанов.

Пред два месеци градинките ги дезинфицираа душеците, а се тестираа и сите вработени. За разлика од државните, првитаните градинки се целосно подготвени за отворање, само се чека кога Комисијата за заразни болести ќе даде препорака да почнат со работа.

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Костовски: Сценариото се спремало – тие кои знаеле дека ќе се затвори банката, си ги повлекле парите

Најголемиот акционер во „Еуростандард Банка“, Трифун Костовски денеска на прес конференција посочи дека сценариото се спремало, а тие кои знаеле од Народната...

Бројот на активни случаи од ковид-19 намален под 3.000 – пристапот на широко тестирање дава резултати

Институтот за јавно здравје денес регистрира намален број на активни случаи – 2950. После подолг период бројот на активни случаи е под...

Што по затворањето на Еуростандард банка? Прес на најголемиот акционер Трифун Костовски

Што по затворањето на Еуростандар банка? Во продолжение во живо прес конференција на најголемиот акционер Трифун Костовски:

Пендаровски -Бежоска: Побрзо да се обесштетат депонентите од „Еуростандард банка“

Сите надлежни институции да вложат максимални напори за обесштетување на депонентите, рече претседателот Стево Пендаровски на денешната средба со гувернерката на Народната...