Откажан состанокот на Каменос со Ципрас, се чека одлука од македонскиот парламент

Грчкиот премиер Алексис Ципрас и министерот за одбрана, Панос Каменос ја откажаа денешната средба која требаше да се одржи. Причина за откажаниот состанокот е одлагањето на седницата во македонското Собрание, на која на дневен ред се уставните измени.

На денешната средба тема на разговор требаше да биде иднината на Владата и коалицијата и очекувањето на  Преспанскиот договор од Македонија во грчкиот парламент.

„Откако процедурата ќе заврши во македонското Собрание, таа се префрла во Грција, каде што пратениците исто така ќе треба да расправаат за договорот од Преспа. По ратификација во Собранието на Република Македонија, договорот треба да се ратификува и во Грција“, изјави Каменос.

©TV21.TV Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира!