Освен гостите, ги посетија и инспекторите! – Угостителите бараат олеснување на мерките, со ваков протокол тешко се работи

НАШ ПРЕДЛОГ

Ксами нема да оди на лидерската кај Ахмети, предлага нов модел на средби меѓу албанските парламентарни партии

Лидерот на движењето Беса Билал Касами нема да присуствува на утрешната средба иницирана од претседателот на ДУИ...

285 активни случаи на ковид-19 во Гостивар – изречени околу три илјади казни за неносење маски

285 активни случаи на коронавирус во општина Гостивар, Врапчиште и Маврово и Ростуше, каде бројот на новозаразени...

Заев и Гаши имале приватна ручек средба, не се разговарало за формирање влада

Лидерите на СДСМ Зоран Заев и на Алтернатива Африм Гаши денеска во хотелот Белви имале приватна ручек...

„Улица „Македонија“ денеска „заживеа“ бидејќи кафулињата пуштија музика и ги отворија вратите, подготвени за да ги дочекаат првите клиенти“, истакна репортерката на ТВ21.

- Реклама -

Отворањето на кафеаните им овозможи средба на овие две возрасни лица по три месеци. Поради тоа се среќни бидејќи повторно ќе можат да пијат заедно кафе.

- Реклама -

-„Добро е што со отворија“.
ТВ21: Од кога се немате видено со пријателот?
-„Веќе 3 месеци, откако сме во карантин. Сега е супер“.

- Реклама -

Во повеќе кафеани ќе можете да седнете во друштво на едно лице, бидејќи масите имаат по две столчиња. Иако имаше гости кои пиеја кафе сами, сметаат дека отворањето на кафеаните ќе ги социјализираат граѓаните.

Клиент: „Да, имав потреба, нормално. Добро е што се отворија и добро е што ќе има дистанца“.
ТВ21: Дали ви се јасни правилата?
Клиент: „Залепени се на врата каде и да одите. Колку што можев да забележам условите се јасни, има дистанца, но треба да се социјализираме, бидејќи тоа ни беше потребно. Доволно бевме во карантин“.
ТВ21: На здравје кафето.

Но не на сите им одеше добро од првиот ден, некои локали немаа гости. Дали е ова поради нејаснотии во протоколот? Тие велат дека треба да се почека некое време.

ТВ21: Дали имавте клиенти?
-Сега за сега не.
ТВ21: Дали ви се јасни протоколите?
-Сега за сега се јасни. Мора да се јасни. Ќе видиме понатаму каква ќе биде состојбата.

Отворањето на кафеаните ги мобилизираше вработените, бидејќи веднаш по заминувањето на гостинот, тие го дезинфицираат просторот и вратата од локалот. Освен клиентите гости во локалите беа и пазарните инспектори кои во овој локал забележаа неколку пропусти кои ги сними и камерата на ТВ21, а станува збор за три лица на една маса.

Беа отворени и рестораните кои функционираат со шанк, но гостите треба да носат маска. Другите ресторани беа затворени.

За ова сопствениците сметаат дека Владата треба да ги олесни мерките и за тие кои имаат мал простор  и не можат да  имаат растојание меѓу масите. Освен растојание, според протоколот на Владата се предвидува кафеаните:

-Да работат од 8 часот наутро до 10 навечер, келнерите да носат маска, да се служи само на терасите, гостите да влегуваат ако има слободни маси, не се дозволува да се служи на шанк, едно лице и пречекува и испраќа гостите, масите треба да бидат на растојание од 1,5 метар, на маса може да седат по две лица, до 4 доколку се семејство, средства за дезинфекција да има на секоја маса, а вработените треба да одржуваат лична хигиена и да дезинфицираат по секоја  услуга за гостите.

-Истата мерка важи и за рестораните, но се разликува бидејќи на споени маси можат да се послужуваат до 12 лица, но кои ќе бидат на растојание од 1, 5 метар.

Како во кафеаните така и во рестораните строго се забранува организирање забави со цел да нема собир на луѓе.

Меѓутоа останува контрадикторно како може на една маса да не седнат повеќе од две лица, а во јавниот превоз во Скопје се дозволува поголем број граѓани, без растојание и без маски.

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

285 активни случаи на ковид-19 во Гостивар – изречени околу три илјади казни за неносење маски

285 активни случаи на коронавирус во општина Гостивар, Врапчиште и Маврово и Ростуше, каде бројот на новозаразени продолжува да расте. Досега во...

Заев и Гаши имале приватна ручек средба, не се разговарало за формирање влада

Лидерите на СДСМ Зоран Заев и на Алтернатива Африм Гаши денеска во хотелот Белви имале приватна ручек средба и на неа не...

СДСМ: Согласно член 90, став 1 од Уставот, за мандатор е предложен Зоран Заев

 СДСМ и Коалицијата „Можеме“ го известила претседателот Стево Пандаровски дека мандатор за составување на новата Влада е лидерот на партијата Зоран Заев.

Заев утре го добива мандатот за Влада – Претседателот одлучува и наспроти правните дилеми

Претседателот Стево Пендаровски извести дека утре ќе му го додели мандатот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев за формирање влада.