Османи: Не се ненадминливи разликите, 5 јули е можен компромисен датум за избори

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Мислам дека разликите помеѓу политичките партии вклучувајќи ги и најекстремните позиции по однос на датумот за избори, не се разликуваат повеќе од десет -петнаесет дена. Така што сметам дека не се ненадминливи разлики и ако деновиве продолжи интензивната комуникација меѓу партиите, како што и се случува мислам дека може да се сретнеме некаде околу 5 јули, изјави денеска вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи.

Ставот на ДУИ, како што посочи, е дека ниту еден општествен процес не смее да ја влоши здравствената состојба, нешто со што, како што рече, се согласуваат сите политички партии и оти треба да има консензус по однос на датумот за избори бидејќи инклузивноста во процесот е многу важна за изборите.

-Ќе продполжиме деновиве да се обидеме, не вреди за 10 – 15 дена да ја внесеме државата во политичка криза и најмалку што очекуваат граѓаните во услови на пандемија е дополнително да ја внесеме државата во криза. Очекувам сите да бидеме на ниво на одговорноста што ја имаме и оти ќе се сретнеме во смисла на потврдување на датум, рече Османи, одговарајќи на новинарско прашање по примопредавањето на донацијата што Полска ја обезбеди за нашата земја како поддршка во борбата против КОВИД-19.

Најмалку што и треба на државата во услови на пандемија, на здравствена и економска криза, потенцира вицепремиерот, е политичките партии да се поларизираат до екстрем кој ќе ја доведе државата до политичка криза. Тоа, вели, не го посакуваат граѓаните и не и треба на државата.

Во врска со вонредната состојба Османи рече дека утре ќе се направи оценка по што ќе се изгради став што ќе му биде предложен на претседателот Стево Пендаровски. – В петок имаме седница на кризниот штаб, ќе  се направи анализа на трендот на бројките и заедно со Комисијата за заразни болести  до претседателот ќе го предложиме нашиот став, најави вицепремиерот Османи. 

? [LIVE] Koordinatorit Nacional për Ndihmë të huaj #BujarOsmani pranon donacionin nga Ambasadori i Polonisë #WojciechTyciński si mbështetje në luftën kundër #COVID19

? [LIVE] Koordinatorit Nacional për Ndihmë të huaj #BujarOsmani pranon donacionin nga Ambasadori i Polonisë #WojciechTyciński si mbështetje në luftën kundër #COVID19

Gepostet von TV21 am Donnerstag, 28. Mai 2020