Општина Чаир со кампања за безбедност на децата во сообраќајот

Градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу заедно со учениците од О.У. Лирија и Одделението за превенција во рамките на СВР Скопје иницираа кампања за поголема безбедност на децата во сообраќајот. Градоначалникот Ганиу лично ги застана автомобилите во движење за да поразговара со возачите околу возењето во согласност со правилата и грижата за најмалите учесници во сообраќајот.

„Имајќи го во предвид родителскиот и институционалниот приоритет за сигурност на нашите деца во патниот сообраќај, одлучив лично да излезам на улица и заедно со учениците од О.У. “Лирија“ и претставниците од Одделението за превентива во рамките на СВР Скопје да ги запреме возачите и да ги потсетиме за значењето на безбедност на најмалите учесници во сообраќајот. Оваа иницирана работилница која има за цел и информирање на учениците за улогата на полициските служби и сообраќајните знаци, ќе продолжи и во другите училишта на територија на нашата општина.”, вели градоначалникот Ганиу.

Заедно за побезбеден сообраќај за нашите деца. Вози внимателно и според правилата, не ја ризикувај иднината на децата.

Кој министер ви остави најдобар впечаток во 2018 година?

View Results

Loading ... Loading ...