Одложен почетокот на второто полугодие, сите училишта ќе добијат прочистувачи за воздух

Министерството за образование и наука, придржувајќи се до препораката на Министерството за животна средина и просторно планирање, одлучи почетокот на второто полугодие да го одложи за два дена. Поради загадениот воздух учениците наместо во понеделник, во училишните клупи ќе седнат во среда.

„Второто полугодие на учебната 2018/2018 година, во сите основни и средни училишта во Македонија, се одлага за два дена. Односно второто полугодие се планира да започне во среда 23 јануари. Оваа одлука на Министерството за образование и наука, се базира на препораките на споменатите институции во функција на заштитата на здравјето на децата.“, рече министерот Адеми.

Но, дали училиштата се подготвени за второто полугодие? ТВ21 го посети ОУ „Петар Здравковски – Пенко“ – о. Бутел.

Иако недела, одговорните лица се на своите работни места и проверуваат дали е се во ред во пресред на почетокот на второто полугодие.

Директорот на ова училиште, Енис Мемети, вели дека училиштето е подготвено од сите аспекти.

„За утре сме подготвени. Подготвивме и новости за учениците и родителите. Во текот на зимскиот распуст, ние не одмаравме туку работевме. Го реновиравме првиот кат, ги сменивме вратите, го бојадисавме целото училиште. Поради климатските услови, беше многу ладно, ни остана уште дворот, но и тоа ќе го направиме. Чекаме да се подобри времето и ќе ставиме нов асфалт. Да се завршат уште неколку работи и ќе бидеме спремни и нема да имаме никакви проблеми за утре.“, изјави Мемети.

Од Град Скопје велат дека работеле со цел сите училишта во земјата, да продолжат со наставниот процес без проблеми.

„И во текот на летото работевме на оваа проблематика, при што на сите фасади на средните училишта им е поставена  изолација и во текот на оваа зима ќе бидат поефикасни за разлика на претходните години. Сакам да напоменам дека ова е првиот зимски период кога сите средни училиште ќе бидат опремени со прочистувач на воздухот во секоја училница.“, рече портпаролот Салиу.

Инаку, околу 270 илјади ученици се очекува да се вратат во училишните клупи, во зависност од нивото на загадувањето на воздухот.

Репортер: Зимер Јашари