Известувачот за Северна Македонија во Европскиот парламент Илхан Ќучук во „10 Минути“ на ТВ21 порача дека од техничка Влада не може да се очекуваат реформи, и додаде дека со нефункционален парламент може да се променат важни демократски принципи.
„Но да се вратам на техничката влада, секоја една власт е ограничена кога е техничка. Таа има мандат и е ограничена во своите дејствувања. Затоа не можеме да очекуваме големи реформи и не може да очекуваме од една техничка власт да носи важни одлуки. И уште едно важно нешто, техничката владата моментално управува во ситуација каде што не функционира парламентот. А секоја една власт која не е контролирана од парламентот, може во еден или во друг даден момент да ги промени важните демократски принцип, тоа е и општиот принцип, кога власт контролира власт“, посочи Ќучук.