Од огнено оружје повреден 16-годишник, приведен негов врсник

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

МВР соопшти дека вчера околу 16 часот се случил инцидент, откако 16-годишник бил повреден и пренесен на скопските Клиники, а како осомничен е негов врсник, кој наводно пукал во куче, но го погодил малолетникот.

„На 30.09.2020 околу 16.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Копаница, скопско, 16-годишник од с.Бојане, скопско, бил повреден со огнено оружје.

Тој бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување помош, а во врска со настанот од слобода бил лишен 16-годишник од с.Копаница, скопско, за кој било пријавено дека пукал во куче, но го погодил малолетникот.

Пиштолот бил пронајден и се преземаат мерки за расчистување на настанот и утврдување на причините за пукањето“, се вели во извештајот на МВР.